Затвор и доживотна суспензија за 33 местачи

Поранешниот клуб на Дидие Дрогба и Николас Анелка, Шангај Шенхуа остана без титулата од 2003-та година заради местење натпревари, а 33 фудбалери и функционери добија затворски казни и доживотни суспензии.

Фудбалскиот клуб кој на кратко му беше дом на Диде Дрогба, а минатата година таму играше сегашниот член на Јувентус, Николас Анелка, заработи голема казна за вмешаност во местење на фудбалски натпревари.

Кинеската фудбалска федерација им ја одземе титулата од 2003-та година и им изрече парична казна од 120.000 евра. Шангај Шенхуа ќе ја стартува и следната сезона со 6 поени помалку.

Во истрагата која траеше 3 години, им беа изречени казни и на други клубови, како и индивидуалци кои местеле натпревари.

Двајца поранешни функционери во фудбалската федерација минатата година добија затворска казна од 10 години, а федерацијата им ја потврди и доживотната суспензија.

Помеѓу луѓето кои заработија доживотни суспензии од фудбалот се и 4 кинески интернациналци и судија кој беше дел од Светското првенство во 2002-та година.

Уште 11 фудбалски клубови добија парична казна од 120.000 евра и им се одземени од 3 до 6 поени.

19 февруари 2013 - 09:21