Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Меси, Пеле и Марадона ќе играат за англиски шестолигаш

Можете ли да замислите во еден тим да играат Лионел Меси, Паоло Мадлини, Пеле, Диего Марадона... а тимот да го води Жозе Мурињо? Од оваа сезона таа слика ќе можеме да ја видиме на теренот на англискиот шестолигаш Фарнборо.

Не е лесно да си судија

Деновиве на фудбалските терени освен играчите, во центарот на вниманието беа и неколку судии со нивните комични или катастрофални реакции. Еден таков ни доаѓа од Бразил, а друг од Франција.

Дриблинг на денот

Во спортот не е важно само да се направи добар дриблинг. Уште поважна е завршницата, односно потегот што следи по дриблингот.

Мапа на нациите во МПФЛ

Инспирирани од мапата на нациите кои се претставени во англиската Премиер лига и ние решивме да направиме скромна мапа на нациите на играчите кои настапуваат во македонската Прва фудбалска лига.

Еквадорскиот Суарез

Не е само Луис Суарез со мерак за гризење на противнички фудбалери. Тоа го направи и Едвин Хуртадо од Депортиво Куеведо на натпревар против еквадорската Барселона.

Рекордите што нема да бидат срушени

Во досегашниот тек на Светското атлетско првенство во Москва не беше срушен ниту еден рекорд, а постојат неколку светски рекорди што сигурно нема да бидат срушени на ова првенство, ниту во блиска иднина.

Премиер лига на нациите

Во исчекување на почетокот на новата сезона во Премиер лигата, Англичаните направија секакви можни анализи, сумирања, предвидувања... а неизбежно беше и креирањето на графикон со мапа на нациите претставени во лигата.

Голман на погрешна нога

Французинот Томас Фибел од полскиот тим Видзев го фати својот голман на погрешна нога и наместо да му додаде, си постигна апсурден автогол.

10 финалиња, 10 гола, 10 трофеи

Дидие Дрогба е синоним за трофеи. Со неговиот гол во 99. минута Галатасарај го освои третиот трофеј по неговото пристигнување во Турција, а 10. голем трофеј за кој е заслужен Дрогба.

Офсајд лик: Хуан Флорес

Денес имавме тешка задача при доделувањето на нашето признание за офсајд лик затоа што во конкуренција беа двајца трапави голмани, но сепак решивме предност да му дадеме на Перуанецот Хуан Флорес во однос на голманот на Челси, Марк Шварцер.

Романско дерби во сиот сјај

Вечното градско дерби на Букурешт помеѓу Динамо и Стеауа помина со сите салтанати и како што му доликува на едно дерби со прекрасна кореографија, тепачки, голови...

Дански „ножички“ на сезоната

Мортен Нордстранд од данската екипа Нордсјиланд на гостувањето кај Копенхаген постигна погодок за израмнување кој уште од сега ќе се вброи помеѓу кандидатите за најдобри ножички во претстојната сезона.

Американците ќе ти кажат за кого навиваш

Англиската Премиер лига стана најпопуларна фудбалска лига во САД, а сега Американците се на добар пат се одвикнат од гледање Кардашијанс и да станат опседнати со фудбал. Телевизиската куќа ЕнБиСи засега одлично си ја врши работата.

Манчестер Јунајтед растура со продажба на дресови на Ван Перси

Воопшто не е изненадување што изминатата сезона се продадени најмногу дресови со името на Робин ван Перси, но вчудоневидува фактот четвртина од сите можни продадени дресови во Англија се со името на Робин ван Перси.

Голови на неделата

Уживајте во мајсториите на Адриано, Меирелеш, Лазари, Роналдињо, Роналдо... и изборот на TVGOLO за најдобри голови од изминатата недела.

Започнува најмасовното светско првенство

Од 10. до 18. август Москва ќе биде домаќин на „најголемото" светско првенство. Започнува 14. Светско првенство во атлетика на кое ќе настапат 1.974 натпреварувачи од 206 земји кои ќе се борат за награден фонд од 7.194.000 долари и 100.000 долари за секој срушен светски рекорд.

Арапските и руските милиони во трка за француската титула

Францускиот шампион останува голем фаворит за одбрана на титулата, но оваа сезона тие имаат конкуренција од уште еден голем трошаџија. Екипата на Монако со помош на руските милиони, ќе се обиде да им ги замрси сметките на Арапите од Париз.

Што прават фудбалерите во слободно време

Фудбалерите имаат работна недела исполнета со тренинзи и натпревари, но само по неколку часа дневно. Нашите во слободно време киснат во кладилници и кафулиња, а во Европа обично играат на плејстејшн, но многумина имаат и по некое интересно хоби.

Реакцијата на Суарез и Руни

Како реагираа Луис Суарез и Вејн Руни кога дознаа дека нивните барања за трансфер се одбиени.

Хал Сити го смени името

Газдата на повратникот во Премиер лигата има желба да го заврсти идентитетот на својот клуб кој во иднина Хал Сити Тајгерс.

Тешки задачи за Милан и Арсенал

Во седиштето на УЕФА во Нион беше извршено извлекувањето на паровите за плеј-оф колото за пласман во групната фаза на Лигата на шампиони. Најинтересни ќе бидат дуелите на ПСВ и Милан и довобојот помеѓу Фенербахче и Арсенал.

Сумирана трансфер сага

Во период кога медиумите се преполни со лажни и полувистинити приказни и трансфер сапуници, еве како спортските новинари би можеле да не поштедат од вакви стории и да сумираат било која „трансфер сага" во две реченици.