Премиер лига на нациите

Во исчекување на почетокот на новата сезона во Премиер лигата, Англичаните направија секакви можни анализи, сумирања, предвидувања... а неизбежно беше и креирањето на графикон со мапа на нациите претставени во лигата.

Англиската Премиер лига започнува викендов, а во овој момент во 20 тимови има фудбалери од 67 различни држави. До крајот на трансфер периодот има уште многу време, па оваа бројка може и да се зголеми.

До сега во Премиер лигата настапиле фудбалери од 103 различни држави од светот, а кога Кениецот Виктор Ванјама ќе дебитира за Саутемптон, тоа ќе биде 100. земја надвор од Велика Британија која имала свој претставник во англиската елита.

Најмногубројни секако се Англичаните со 207 од вкупно 566 фудбалери, односно 36,6%. Следат Шпанија и Франција со по 32 (5,7%), Ирска има 29 фудбалери (5,1), Шкотска 24 (4,2), а 15 фудбалери одсно 2,7% се од Холандија.

Претставник на Македонија во Премиер лигата е Горан Попов од ВБА.

 

12 август 2013 - 17:12