Големи се шансите на ова Светско првенство во атлетика и да не се сруши ниту еден светски рекорд затоа што на минатите 13 првенства биле поставени само 27 светски рекорди.
Колку и да се трудат натпреварувачите, постојат неколку светски рекорди што нема да бидат срушени во блиска иднина, а можеби и никогаш. Единствен логичен одговор на прашањето за тоа како можеле спортистите да постават рекорди со такви достигнувања, е тоа што овие светски рекорди биле поставени во златната ера на допингот.
Машка конкуренција:
Фрлање копје - Јан Железни, Чехословачка
Рекорд: 98,48м - 1996
Трикратниот олимписки шампион е единствениот човек кој успеал да фрли преку 94 метри, а во последните години вистинска реткост се резултатите на 90 метри.
Фрлање ѓуле - Ренди Барнс, САД
Рекорд: 23,12м - 1990 година
Овој рекорд е поставен под сомнителни околности затоа што Барнс истата година заработи суспензија од две ипол години. Во последниве 10 години никој се нма доближено ни на половина метар од рекордот на Барнс.
Скок со стап - Сергеј Бубка, СССР/Украина
Рекорд: 6,14м - 1995
Сергеј Бубка е единствен човек кој има скокнато преку 6,05. Последниот голем скок со стап го изведе Бред Вокер во 2008. кога скокна 6,04 метри.
Женска конкуренција:
100 метри - Флоренс Грифит-Џојнер, САД
Рекорд: 10,49с - 1988
Најбрзата жена на светот почина на 38 години, а долго време се шпекулира дека најзаслужни за нејзините успеси се недозволените средства. Ниту една жена освен неа не успеала да истрча по 10,5 секунди, а најблискиот резултат е послаб за 15 стотинки.
400 метри - Марита Кох, Источна Германија
Рекорд: 47,6 с - 1985
Во последните 10 години ниту една жена не се доближила ниту на секунда од овој рекорд.
Фрлање диск - Габриела Реинш, Источна Германија
Рекорд: 76,8 - 1988
Доволно е само да се каже дека најдобрите 10 резултатит во оваа дисциплина се постигнати во 80-те и тоа од атлетичарки од источна Европа. Веќе 25 години никој не може ни да им се приближи на овие резултати.