Не е лесно да си судија

Деновиве на фудбалските терени освен играчите, во центарот на вниманието беа и неколку судии со нивните комични или катастрофални реакции. Еден таков ни доаѓа од Бразил, а друг од Франција.

Првото коло од француската лига го одбележа 35-годишниот судија Стефан Јохем кој ја делеше правдата на натпреварот помеѓу Валансиен и Тулуз.

Неискусниот судија го имаше своето деби во првата француска лига, а најверојатно ќе почека малку повеќе за неговиот следен натпревар.

На осум минути пред полувремето, дефанзивецот Стиви Јаго повлече противнички фудбалер во својот шеснаесетник, по што судијата покажа кон белата точка, но откако му покажа црвен картон на Јаго, тој надвор од теренот го испрати Урош Спајиќ.

По натпреварот Јохем го обвини четвртиот судија дека тој ја направил целата збрка.

Вториот судиски момент ни доаѓа од Бразил. Таму судијата на натпреварот помеѓу Интернасионал и Атлетико му направи бодичек на домашниот фудбалер Д'Алесандро.

13 август 2013 - 12:09