Последното издание на вечното романско дерби помеѓу Динамо и Стеауа од Букурешт имаше пеколен старт. Најпрвин навивачите на Динамо ја прикажаа една од најдобрите кореографии на фудбалските терени.
Кореографијата им беше посветена на Каталин Хилдан и Флореа Думитриче, двајца поранешни фудбалери на Динамо. Хилдан почина во 2000. година во 74. минута од пријателски натпревар кога имаше само 24 години, а Думитриче е клупска легенда кој настапувал во 70. години и почина со 2007.
Само четири минути по започнувањето на натпреварот, Стеауа поведе со прекрасниот гол на Јасмин Латовлевичи.
Екипата на Стеауа на крајот го доби дербито со 1:2, а како што и се очекуваше, овој натпревар не помина и без жестока тепачка помеѓу навивачите.
Македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски ги одигра сите 90 минути за екипата на Стеауа.