Offside

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

Нов трик за дриблерите

До Роналдо, Роналдињо, Нејмар и сите останати мераклии за дриблање, 20 годишниот Жано Ананиџе од руската екипа Ростов ви демонстрира нова финта за дуелите еден на еден која вреди да ја пробате. 

Соголениот тренер избега од Левски

Откако синоќа навивачите на Левски го соблекоа и избркаа од прес конференцијата, тренерот Ивајло Петев реши да не го презема кормилото на клубот.

Наследникот на Гигс е спасителот на Дејвид Мојс

По двата гола против Сандерленд со кои направи пресврт и му донесе триумф на Манчестер Јунајтед, Аднан Јанузај е најспомнуваното талентирано име во фудбалот. За него почнаа да се борат големите европски екипи, но јунакот од „Олд Трафорд" се очекува да биде иднината на „Црвените Ѓаволи" во новата ера со Мојс.

Најскапото Светско првенство

Светското првенство во 2014-та година ќе остави најголема дупка во џебовите на навивачите и за нив ќе биде најскап Мундијал во историјата.

Офсајд лик: Серж Џехоа

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска можеби го сруши рекордот за најбрз црвен картон по влегување на терен и го заслужи нашето признание за офсајд лик.

Започнува новата сезона во Бизнис Лигата

По четврти пат започнува најелитното натпреварување во мал фудбал - Бизнис Лига на Македонија.

Италијанските навивачки групи во војна со федерацијата

Навивачите на големите градски ривали Интер и Милан се сплотија заедно во протестот против италијанската федерација која ги помеша лончињата околу казните кои се предвидени во случај на расистички навреди на стадионите.

Доста ми беше ќотек

Бразилски ММА борец сред борба реши да избега од рингот за да избегне уште ќотек. Не го обвинуваме. По толку ќотек ние одамна ќе бевме избегани.

Третолигаш продаде најмногу сезонски карти во Грција

Олимпијакос, ПАОК и Панатинаикос паднаа во сенка на третолигашки клуб. Заглавениот во долгови АЕК мораше да го загуби професионалниот статус и да се пресели во трета лига, но не ги загуби своите верни навивачи.

Бледо издание на „Металците“ во Унгарија

Кошаркарите на МЗТ Скопје одиграа далеку под своите можности во втората рунда од новата сезона во регионалното кошаркарско натпреварување. Екипата на Шолнок заслужено стигна до триумф од 81:69.

Студентски гол во стилот на Анри

Напаѓачот Џејмс Марфи кој со ова ремек дело му донесе победа на Универзитетот од Мичиген заслужено се најде во исто видео со Тиери Анри кој му испрати таква бомба на Манчестер Јунајтед пред 13 години. 

Гранде Бобан наполни 45 години

За навивачите на Милан кои се носталгичари по златните денови на еден од најтрофејните италијански клубови, мало потсетување на нивниот миленик со број „10" Ѕвонимир Бобан кој денеска го слави својот 45 роденден.

Металург-ПСЖ најдобар меч на колото

Победничкиот натпревар на македонскиот вицешампион против фаворитот ПСЖ е изгласан за најинтересен натпревар од страна на ракометните фанови.

Ред Бул доминира во Формула 1 со помош на супербрз интернет

За успехот на Ред Бул во Формула 1 не се заслужни само возачите и механичарите, туку и тим на инжинери одалечен на илјадници километри кој анализира стотици гигабајти на информации за време на трката.

Акробација на денот

И Кинезите изненадија со атрактивен погодок кој заслужува да се погледне неколку пати, но ремек делото беше на непознат бразилски фудбалер по име Алекс Мајолино.

Највлијателните луѓе во фудбалот

Фудбалот стана глобален бизнис и тоа ни е веќе јасно со години наназад, а зад него се кријат големи моќници кои носат клучни одлуки во овој спорт, други вртат милиони евра од трансфери или тв права, а некои се дел од играта која за брзо време ги збогатува.

Париз домаќин на Геј игрите

Градот Париз ги доби правата за организација на спортските игри на хомосексуалците во 2018-та година.

Премногу играње ФИФА не е на арно

Некои тренери забрануваат секс пред натпревар, некои забрануваат алкохол, Паоло ди Канио забрани лед во Кока Кола и кечап и мајонез, а тренерот на англискиот третолигаш Лејтон Ориент на своите фудбалери им забрани да играат ФИФА 14.

Спектакуларни ножички

Бразилецот Камило Санвезо од Ванкувер на натпреварот од МЛС лигата против Портланд го постигна еден од најубавите голови виден на северноамериканско тло.

Перо Антиќ дебитираше за Атланта

Првиот Македонец во НБА лигата, Перо Антиќ го имаше своето деби за Атланта Хокс. Поранешниот капитен на кошаркарската репрезентација на Македонија одигра 15 минути на првиот претсезонски натпревар и тоа против шампионот Мајами.

Трансформација на стадион

Вработените на „Оукленд колосеум“ имаа тешка задача да трамсформираат цел стадион од бејзбол во рагби стадион за само 20 часа. Еве како тоа изгледа во две минути.

Со шпиунажа до триумф по точно 10.353 дена

Повратникот во Бундес лигата Ајнтрахт Брауншвајг конечно го скрши малерот и го прекина постот од шест порази и едно реми во првенството. За нив ова е првата радост во најсилната германска лига која не ја почуствувале од 1985 година.

Болидот “пируета“ повреди 13 луѓе

На Инди Кар во Хјустон викендов беше опасно во живот. И покрај заштитната ограда, четирикратниот првак Дарио Франкити се судри со друг болит, леташе во воздух и повреди дури 13 гледачи. Шкотскиот возач го скрши зглобот има потрес на мозокот и се здоби со неколку повреди на р`бетот.

За еден играч на СП 2014 ќе се плаќа 2800 долари дневно

Светската куќа на фудбалот наредната година на Светското првенство во Бразил ќе треба малку повеќе да го одврзе ќесето за учесниците за разлика од минатиот Мундијал. За сите играчи кои ќе настапат на светскиот фудбалски шампионат на клубовите ќе треба да им плати вкупно 70 милиони долари.