Самуел Ето како мал истовремено додека се калел во фудбалот, имал и свој идол од кој се инспирирал и со кој горел од желба да се сретне, а тоа е еден од првите фудбалски ѕвезди од неговата земја, напаѓачот Роже Мила кој има настапено на три светски првенства.
„Чекав многу, но на крај кога го видов бев најсреќното дете на светот. Тој беше мојот херој. вели Ето.
По 20 и кусур години напаѓачот на Челси тоа го возвраќа, но тоа не е обична едноминутна средба за сликање и автограм. Камерунската ѕвезда во тренинг кампот на неговиот тим го пречека 10 годишниот Натан кој е тешко болен и се бори за живот.
Тој не е навивач на Челси, но ги следел сите настапи на Ето уште од Шпанија, Италија, Русија па се до неговиот последен трансфер во Англија каде живее и малиот фудбалски фан. На видео игрите секогаш ги полнел мрежите со Ето и го одбирал тимот каде настапува тој.
Неговиот сон на крајот се оствари и за прв го виде во живо на стадионот „Стемфорд Бриџ" на мечот против Манчестер Јунајтед. Ето "му одговори" со хет-трик, но потоа следеше најважниот момент за Натан.
Тој го одигра својот највозбудлив 20 минутен меч заедно со неговиот брат против големата фудбалска ѕвезда која на крајот му поради копачки, дрес и топка со негов потпис, а го покани заедно со целото семејство да присуствува на следниот меч на Челси кој во ФА купот ќе се сретне со тимот на Стоук.
„Не знам сега кој е посреќен, дали јас или Натан и не знам дали сега децата ме гледаат исто како што јас го гледав Роџер Мила, ако е така сакам да им препорачам дека сè е можно во животот.", вали напаѓачот на „Сините".
Оваа приказна треба да ја прочита Златан Ибрахимовиќ кој откако одби да се сретне со болното дете од Босна и Херцеговина со образложение дека немал време, едно словенско радио му додели посебно признание.