колумна

Време е за чистка за мир у куќа

Очигледно е дека има многу лоша крв во таа репрезентација. Време е да се исчисти за да тргнат обединети во новите предизвици кои се пред нив. Треба мушки да излезат пред јавноста и да кажат све што ги мачи. Све што им лежи на срце. Ама баш све!

Иако у последно време многу се научив само за фудбал да јадам говна, дешавките у ракометната репрезентација на Европското првенство ми дојдоа како кец на десетка за да седнам и сложам една колумна од спортот од кој уствари и доаѓам, а ваљда и од кој највише разбирам.

Иако ретко пишуем за ракомет, некои работи у Хернинг и тоа како ме здоболеа па си земав за право да седнам пред тастатура.

Пред да продужам сакам на да потенцирам дека освоеното десетто место во Данска е и тоа како успех. Иако, ако ги стаиме на маса и споредиме со она што се деси во Србија, изгледа прилично полошо, сепак тоа и те како е успех. Одма да расчистиме една работа. Пласманот во Србија беше сплет на некои околности кои навистина тешко ќе се повторат... Од десетте иљади кои тргнаа пут за Белград, преку одличниот турнир на Кире до онаа сумњива утакмица против северните ни комшии во последното коло од главната рунда. Мора да прифатиме и да се помириме со фактот дека репрезентација за Топ 5 немаме... квалитативно.

Кога ги гледам Данска, Франција, Хрватска и Шпанија како да гледам ванземаљци. Екипи од друга планета. Овој пласман во Данска, кога ќе се земат у предвид сите пехови со повредите, е според нашите можности, а во рамките на предвидувањата на сите светски стручњаци. Иако на сите екипи им фалеше по некој, ајде да спомнам дека ако по некој случај на Мојсо не му се десеше онаа несреќа, максимално можевме да идеме едно до две места погоре. И толку.

Македонија е репрезентација со еден играч од светска класа, и он досега многу пати има покажано дека ја држи оваа репрезентација во круг над нејзиното ниво. Освен капитенот тука е и Мојсо кој квалитативно отскокнува, меѓутоа све останато нема квалитет да влезе или да се мери со некој од репрезентациите што ги спомнав погоре. Убаво е да се слави борбеноста и пожртвуваноста за својата земја, меѓутоа таа може да донесе резултати периодично, а никако константно.

Според мене најдобри репрезентативци на цело првенство беа Миркуловски и Стоилов. Миркуловски за храброста, борбеноста и пожртвуваноста што ја покажа, а Стоилов што заради слабата форма на Јоноски и Маркоски мораше во одбрана да врши работа и што не е негова додека во напад јаде ќотек како магаре. Неговата пожртвуваност не треба ни да ја спомињам. Мислам дека ако може тарафлексот ќе го изеде кога го носи најсветиот од сите дресови.

Потфрли Манасков, али мора да се има во предвид дека заедно со Маркоски и Јоноски играат секоја недела утакмици во исцрпувачки ритам (што СЕХА, што Лига на Шампиони) и нормално во една таква сезона да се има падови во форма. За жал во погрешно време.

И сега дојде она што најмногу боли. Суетите и личните каприци кои ја претставија нашата репрезентација како банда, а не како озбилна екипа во Данска. Све почна со изјавата на Бранче Ангеловски. Изјава во која сред првенство го напаѓа селекторот и свој соиграч и директно го обвинува за пораз. Изјава во која погрешната замена на Прибак ја толкува како клучниот момент во поразот против Исланд притоа намерно или ненамерно заборавајќи на укључувањето на "Rene Higuita Mode" на Борко Ристовски и примањето гол преку цел терен. Изјава полна со завист и злоба во која уште и Божји казни спомиња затоа што сме нарушиле национална чистоќа на репрезентација... ви се молам.

Еве гледам и Франција и Шпанија и Аустрија и сите што имаат натурализирано играчи се казнети од Бога. Спомиња Бог додека прави најголем грев. Сосема заслужено, отстранет е од екипата. Потоа се јави капитенот. Кажа дека ќути ради мир у куќа ама дека играчите се незадоволни од натурализацијата на Прибак. Збори, како и стално у загонетки. Све нешто кажува, ама останува недокажан. Кире е главен играч на таа репрезентација 15 години. Најголем дел од нив и капитен. Ако сакаше, а можеше, ќе го извадеше цел прљав веш на маса миљон пати до сега, па да видиме за што станува збор. После изјавата на Мојсо денеска, во кој кажува дека некои играчи се ставаат над репрезентацијата и РФМ, очигледно е дека има многу лоша крв во таа репрезентација.

Време е да се исчисти за да единствени тргнат во новите предизвици кои се пред нив. Треба сега кога се вратија, мушки да излезат пред јавноста и да кажат све што ги мачи. Све што им лежи на срце. Ама баш све! Ако имале лоши подготовки, нека кажат кој е крив... Ако нешто побарале, а не им било овозможено нека кажат што е тоа... Ако примиле расипани инфузии, нека кажат кој им ги ставил... Ако патот им бил лошо организиран, кој им го организирал лошо... ама нека кажат буквално све.

Нека кажат и кој ги исклучи и зашто ги исклучи играчите како Раде Стојановиќ и Лазе Мајнов од репрезентација и со тоа им ги уништи кариерите... Нека кажат и зашто некој се осмелува да дава такви изјави за време на ЕП... Нека кажат јасно и гласно на кои играчи (со име и презиме) им смета натурализација на играчи, итн, итн... Колку повеќе ќе кажат на сите полесно ќе им биде и чисти пред Бога, што непотребно го прозива Бранче, ќе влеземе во тој бараж за Светското Првенство и ќе ги растртиме тие што ќе ни се паднат...

За крај морам да кажам и два збора за натурализацијата на спортисти. Се прави за да се зголеми квалитетот на репрезентацијата. Немања Прибак, за оние што не знаат, е дечко што течно збори македонски. Сме ги имале многу низ сите спортови. Па малце ли е да се спомнат Индира Кастратовиќ, Шандор Ходик, Наталија Тодоровска, Ацо Јовиќ, Душан Новокмет, Кенион Џонс, Лестер Бо Мекејлеб, Брага, цела ватерполо репрезентација, итн, итн.

Да не заборавиме дека единствената олимписка медаља во независна Македонија ја донесе Могамед Ибрагимов.

Не е работа нити на Бранче, нити на Кире да судат за тоа дали на некој играч треба, или не треба да му се даде пасош. Уште помалку дали треба, или не треба да се викне во репрезентација. Нивна работа е да играат. Да играат со целото свое срце за сопствената земја...

Деновиве на интернет најдов една слика, која вика дека амблемот на дресот напред, е многу поголем од името кое е напишано позади. Само со таков однос према репрезентативниот дрес, ќе се повтори успехот од Србија. Само со таков однос на секој репрезентативец повторно ќе газиме кон европскиот врв. На секој репрезентативец, без разлика каде е роден, и како се вика и презива... СРЦЕ НА ТЕРЕН!!!

Таки Бошкоски