Натпреварот помеѓу екипите на Пенарол и Национал требаше да биде пријателска средба која се одигра за време на паузата во уругвајското првенство, но долгогодишното ривалство си го направи своето и во последните 10 минути настана вистински хаос на теренот.
Неконтролирано делење на клоци и боксови не можеше никој да го исконтролира, па потоа почнаа да фрчат црвени картони, по два на две страни.
Сите девет фудбалери кои беа дел од масовната тепачка ноќта ја минаа на сослушување во полиција, а по нивниот исказ судот одлучи да ги дисквалификува од фудбалот во наредните два месеци само во првенствените натпревари.