Екипата на Депортиво Палестино која се натпреварува во чилеанското првенство се соочи со парична казна од 1.300 долари откако еврејските заедници во оваа земја реагираа до Фудбалската федерација на Чиле поради изгледот на нивните нови дресови.
Депортиво Палестино е чилеански клуб оформен во 1920 година од страна на имигранти кои се доселиле во јужниот дел на земјата. На задната страна од дресовите ја имаат вметнато и мапата на својата земја за која веќе со децении се во конфликт со Израел.
Но тоа предизвика револт кај еврејските организации во Чиле кои протестираа и кои добија голема поддршка и од претседателот на Депортиво Нубленсе кој исто така го обвини клубот за новиот детал на дресот.
Дресовите на кои се наоѓаат боите кои кореспондираат со нивното знаме ги презентираа минатиот месец, а во одбрана од клубот изјавија дека истиот дизајн го користеле и во претходните сезони.