Offside

Двајца навивачи на Партизан со сигурност се навивачи на сезоната иако таа штотуку почна.

Цедевита му се одмазди на МЗТ

Македонскиот шампион МЗТ доживеа втор пораз во регионалната АБА лига оваа сезона, овој пат од тимот на Цедевита кој е несовладлив со четири триумфи по исто толку кола во регионалната АБА лига. Хрвватите постојано доминираа и на крајот славеа во Загреб со 77:67.

Вардар го згази Тун

Ракометниот шампион на Македонија одржа лесен тренинг во четвртото коло од ракометната Лига на шампиони. Екипата на Вардар го прегази Вакер Тун на гостувањето во Швајцарија со 24:37.

Тикет на колото

Минатата недела имавме добитен тикет на колото и овој викенд ќе ја продолжиме добрата серија со натпреварите од националните првенства.

Бизнис Лига - Осврт на прво коло

На самиот старт на Бизнис Лигата на Македонија можевме да видиме дека ќе имаме доста интересно првенство во коешто ќе биде прикажан квалитетен фудбал.

Голови на неделата

Во изминатиот период паузираа националните првенства, но прекрасни голчишта видовме и на квалификациските натпревари на репрезентациите. Ова се најдобрите 10.

По 37 години ќе пропушти меч на својот омилен клуб

Верноста на еден од најголемите фанови на англискиот третолигаш Вулверхемтон нема да згасне, туку поради свадбата на ќерка му само за момент ќе ја прекине долгата негова традиција која трае речиси четири децении.

Добродојдовте на Типстер

Идејата почна од сите наши маалски муабети кој колку го бивало за кладилница, ама ете не сакал / не можел / не му држело да се покаже. Сега секој за без пари, со 500 кредити што ние му ги даваме, ќе може да се проба и да покаже што знае.

Понуда во порно филм за Асприља

Поранешниот фудбалер на Парма и Њукасл за еднонеделна работа како порно глумец доби понуда од 10.000 долари.

Французите не навиваат за Франција

Фино би било да видиме едно вакво слично истражување и за нашите фудбалери за тоа колку се заложуваат за националниот дрес, што им се вртело во главите во Јагодина и дали имаат повисок рејтинг од политичарите, како што тоа не е случај со француските ѕвезди.

Гол на несакајќи

Фудбалерите на еден грчки нисколигаш го постигнаа најефективниот ненамерен гол со глава кој ќе го видите на фудбалските терени.

Нефер игра

Њујорк Тајмс преку илустрирана приказна им ги објаснува на Американците проблемите на англискиот фудбал со претерано скапите влезници кои ги бркаат вистинските навивачи од стадионите.

Меси најдобар, Диего Коста најефикасен

На околу два месеца од почетокот на првенствата, специјализираниот портал за статистика „whoscored" ги направи најдобрите состави со играчи од најсилните пет лиги кои до сега оствариле највисоки просечни оценки во досегашните натпревари.

Се бара украдената кацига на Нико Розберг

Возачот на Мерцедес е во потргата по својата кацига која непознат лопов ја украл од гаражата каде е сместен неговиот болид.

Кутриот студентски голман

Џордан Скарлет на универзитетски натпревар во САД испрати “бомба“ во манир на голем стрелец по која станаа на нозе сите негови соиграчи од клупата, но доби огромна помош од јадниот чувар на мрежата кој ја направи најлошата можна интервенција.

Режисерот стигна до бараж за Светско првенство

Најголемото изненадување во квалификациите за Светското првенство секако е репрезентацијата на Исланд чиј голман не е ниту професионален играч. Тој работи како режисер и негово најпознато дело е минатогодишниот спот за Евровизија.

Еквадорско голчиште

Јунак на куп мечот во Еквадор помеѓу Депортиво Универзитариа и Депортиво е Кенет Арк со овој решавачки мајсторски лоб удар на кој не ни мрдна голманот.

Гратис роба на трансфер листата за наредната година

Скапите играчите не се секогаш гаранција за успех, а ова ќе почекаме да видиме дали ќе важи за Герет Бејл и Реал Мадрид. Познатите фудбалски имиња на пазарот со завршени договори може да имаат голем придонес и покрај тоа што не чинат ниту едно евро, па еве го најдоброто за наредната сезона.

Нема лабаво со овој голман

Да има втор живот Рожерио Сени сигурно дека наместо голман ќе одбере да биде напаѓач. 40 годишниот Бразилец целата кариера му ја посвети на Сао Паоло, па откако веќе не му е предизвик да ја зголеми бројката од 112 голови, почна да дрибла.

Блатер е лопов

Во минатото беше познат како одличен напаѓач, а сега опасно напаѓа и надвор од терените. Бразилецот Ромарио кој сега плива во политички води, ги критикуваше челниците на ФИФА.

Панамскиот шок

Репрезентација на Панама ја делеа само 90 секунди од бараж натпревар против Нов Зеланд, но ја пропуштија шансата за прв пласман во историјата на едно Светско првенство. Панама водеше со 2:1, но САД направи пресврт во 92-та и 93-та минута, а фудбалерите не го поднесоа лесно овој пораз.

Червар: Барселона нека биде поука

По шокот од Барселона, македонскиот вицешапион Металург ги продолжува настапите во ракометната Лига на шампиони. Во четвртото коло во „Борис Трајковски" гостува екипата на Динамо Минск која минатата година беше елиминираната од „Металурзите" во осминафиналето.

Венгер и Арсенал запеаа Квин

Феноменален клип од страна на еден од авторите на познатиот блог посветен на Арсенал - Gunnerblog. Прилагодениот текст на "Don't stop me now" за одличната форма на Арсенал го „пее" Арсен Венгер со помош на Арон Ремзи, Месут Озил, Џек Вилшир, Пер Мертесакер, Метју Фламини...