По повредите на Гасол, Брајант, Микс и Хил, Лејкерси допатуваа во Кливленд само со осум подготвени кошаркари. Стив Неш исто така доби слободен ден откако пред некој ден го одигра првиот натпревар по долгата пауза заради повреда.
Малиот фонд на играчи не им претставуваше проблем, па тие на полувремето водеа со 49:70.
Но во вториот дел започнаа нивните вистински проблеми. Се повредија Ник Јанг и Џордан Фармар, а Крис Кејман беше исклучен заради лични грешки.
Лејкерси останаа со пет играчи на теренот и на три и пол минути до крајот шеста лична доби и Сејкр. Но тогаш кошаркарите од Лос Анџелес дознаа за едно необично НБА правило кое многу им помогна.
Ако еден тим остане со четворица играчи на паркетот, тогаш може во игра да се врати еден од исклучените играчи, но секој негов следен фаул ќе се суди како техничка грешка.
I've never seen this situation before!! Did anybody know about this rule!? #LakersvsCavs
— Pau Gasol (@paugasol) February 6, 2014
Сејкр, Гасол, па дури и тренерот Мајк Д'Антони по натпреварот признаа дека не знаеле дека постои вакво правило кое на крајот им помогна да не загубат.
Дури и Стив Неш отиде до соблекувалната и облече дрес за да ги одигра последните минути, но тренерот реши да го остави на клупа откако дозна за новото правило.
На крајот Лејкерси го задржаа претходно стекнатото водство и победија со 108:119.