Летувалиштето Сочи
Токму така, Сочи е популарна летна дестинација со плажи и палми и омилено место за летување на рускиот џет-сет. Ова нема да биде проблем за хокеарите, лизгачите и останатите натпреварувачи во спортовите кои се одржуваат во затворени сали, но скијачите и другите спортисти ќе мора да патуваат до Краснаја Полјана на скоро 70 километри од Сочи. Таму се планините со снег, но и 500 топови за вештачки снег и 710.000 кубни метри снег складиран од лани за секој случај.
Најскапите игри
Ова се дефинитивно најскапи Олимписки игри во историјата и тоа не само зимски, туку и летни. На почетокот Русите претпоставуваа дека ќе ги чинат 12 милијарди долари, но сметката на крајот достигна до 51 милион. Колку за споредба, минатите Зимски Олимписки игри во Ванкувер чинеа 8 милијарди долари.
Три маскоти
Русите не можеа да се одлучат за една, па на крајот изгласаа три маскоти: поларна мечка, зајак и леопард.
Нови спортови
12 нови спортови (три мешани, четири машки и пет женски) ќе дебитираат на Олимписките игри во Сочи. Помеѓу нив се и ски-скоковите за жени, спорт за кој ски федерациите мораа да попуштат по многуте кампањи, па дури и тужби.
Најбогат и најдобар
Сноубордерот Шон Вајт и покрај тоа што има само 27 години, освои златни медали на ЗОИ 2006 и 2010, што му донесе и богатство од 20 милиони долари.
Патот на оганот
Од најдлабокото езеро, преку највисоката планина и во вселената, олимпискиот оган за сочи го носат 14.000 луѓе и тој помина 65.000 километри преку 2.900 градови и села за 123 денови.
Најскап медал
Златниот медал во Сочи содржи 516 грама сребро и 6 грама злато, но натпреварувачите кои на 15 февруари ќе освојат злато, ќе си добијат специјален медал со парче од џиновскиот метеор кој падна во Русија на 15 февруари 2013-та година.