Статистичарите од Infostrada составија виртуелна табела на медали која е базирана на нивните анализи на резултатите, натпреварите и времето поминато од остварениот резултат на натпреварувачите кои ќе учествуваат на Зимските Олимписки игри во Сочи.
Овој модел на предвидување се покажа како успешен на Олимписките игри во Лондон во 2012-та година, а сега тие тврдат дека за ЗОИ Сочи го имаат усовршено.
Според нив, Норвежаните ќе освојат вкупно 37 медали, а 14 од нив ќе бидат златни, додека пак Американците ќе освојат 16 злата или вкупно 29 медали.
Успешни настапи ќе имаат и спортистите од Канада и Германија, а домаќините ќе бидат на петтото место на вкупната листа на освоени медали.
Спортисти од 26 различни држави ќе освојат медали на овие Олимписки игри, со што ќе се израмни рекордот од претходните два зимски собири во Торино и Ванкувер.
Помеѓу тие 26 не е Македонија.