Навивачите на Њукасл никогаш не го засакаа сопственикот Мајк Ешли. Со него Њукасл испадна од Премиер лигата во 2009-та година, го смени името на стадионот од Сент Џејмс Парк во Спортс Директ Арена и им го донесе ужасниот директор Џои Кинер.
Чашата на незадоволство ја прели поразот на домашен терен од најголемиот локален ривал Сандерленд со 0:3, по што навивачите збеснаа.
Еден од нив отиде до таму што дури и го понуди газдата Ешли на продажба преку eBay.