Offside

Судењето по повод смртта на легендарниот Диего Марадона е продолжено во Аргентина, а ново сведочење на судскиот вештак донело потресни детаљи за последните денови и часови од животот на еден од најголемите фудбалери на сите времиња.

Приказните зад прекарите на Бразилците

Бразилските фудбалери се прочуени по нивните вештини, но и познати по прекарите по кои ги знаат љубителите на фудбалот наместо нивните долги имиња.

„Сантијано Бернабеу“ пред 40 години

Победата во едно дерби е најслатка, а уште повеќе кога е изразена со повеќе голови. На денешен ден пред точно четири децении висок и болен пораз му се случи на „Кралскиот тим“ во „Ел Класико“ и тоа пред своите навивачи.

Русите местат медали во Сочи?

Повеќе медиуми, спортисти и официјални лица ги обвинија организаторите на Зимските олимписки игри во Сочи дека наместиле неколку трки во санкање и скелетон откако руските натпреварувачи освоија медали во овие дисциплини.

Ова се вика тимска игра

Играчите на Бока Јуниорс на натпреварот против Белграно покажаа како изгледа една компјутерски точно изведена акција според фудбалски учебник. Стрелец на голот беше дефанзивецот Хуан Форлин.

Клубот од емигранти почна да испишува своја историја

Фудбалот не го обединува светот на едно место само за време на светските првенства. Тој може да спои луѓе кои со слични судбини се нашле на едно место од каде потоа заедно се обидуваат да го заборават минатото и да станат важен дел од фудбалската мапа.

Велемајсторија во 93 минута

Марио Балотели не е единствениот јунак ова коло. Во последните секунди на натпреварот помеѓу Круз Азул и Пуебла во Мексико, Марко Фабијан му донесе победа на домашниот тим со можеби најатрактивниот гол на колото на кој му претходеше извондреден прием на топката.

Инвазија на кучиња

На натпреварите во Јужна Америка викендов имаше натрапници на теренот. Едното се појави во Бразил, а другото во Аргентина.

Ол стар спектаклот во знакот на Истокот

Најатрактивната кошаркарска ноќ во годината по пауза од три години и припадна на Источната конференција која по негатива од 18 поени успеа да направи пресврт и на крајот да триумфира со 163:155. МВР признанието отиде во рацете на Кајри Ирвинг.

Вардар лесно го мина аутсајдерот Вакер Тун

Актуелниот македонски шампион очекувано стигна до лесна победа во претпоследното коло од Лигата на шампионите и уште еднаш го потврди квалитетот во оваа сезона кој им носи пласман во топ 16 фазата. Конечниот резултат против швајцарскиот противник беше 32:25.

Бод за Металург во последна секунда

Ракометарите на македонскиот вице-шампион Металург се изборија за реми на гостувањето кај Динамо Минск со гол од пенал во последната секунда.

Победничкото забивање на Вол

Џон Вол од Вашингтон Визардс победи на натпреварот во забивање на НБА Ол Стар викендот со ова забивање преку неговата маскота.

Децата од Русија мора да гледаат Олимписки игри

Руската влада препорача децата од оваа земја да си одат од училиште и да не добиваат домашни задачи за да можат повеќе да гледаат Олимписки игри на телевизија.

Во драматична завршница ЖРК Вардар стигна до голема победа

Актуелните шампионки на Македонија одиграа тежок и неизвесен меч во третото коло од Лигата на шампионите против Митјиланд, но во неизвесното второ полувреме беа поконкретни и со победа од 24:23 се со една нога во фајнл форот.

Тикет на колото

Уште еден викенд со богата понуда со натпревари за кладење од кои ние го составивме нашиот добитен тикет за разбивање на малерската серија.

Голови на неделата

И оваа недела уредниците на TVGOLO имаа тешка задача при избирањето на десетте најдобри голови, а помеѓу нив се најдоа мајсториите на Меси и Азар.

Голчиштето на Балотели

Фудбалерите на Милан долго се мачеа да ја совладаат одбраната на Болоња и беа на прагот на уште еден неуспех, но Марио Балотели реши да ја преземе работата во свои раце.

Десет-годишната доминација на Барселона

За тики-така играта на Каталонците злобниците знаат да кажат дека била досадна за око. Но таа игра им донесе историски подвизи за кои некои големи клубови може само да сонуваат. Овој интересен податок уште еднаш покажува дека Барселона е махер за финалиња.

Олимпиецот кој го фати с`клет

Градот домаќин на Олимписките игри е познато летувалиште во Русија, а најмногу на своја кожа тоа го почувствува еден норвешки натпреварувач на крос кантри.

Навивачите на Манчестер Сити најмалку романтични

Дури 34% од фудбалските навивачи во Англија повеќе би сакале да добијат честитка од својот омилен клуб отколку од девојката за Валентајн.

Тројца се караат, последниот користи

Ли Џанру од Кина го освои златото во брзо лизгање на патеката од 500 метри и покрај тоа што на половина од трката беше последна, а на крајот заврши со шест секунди предност во однос на второпласираната. Еве како и успеа.

Трилер мечот на Металург нека биде поука

Ракометарите на Вардар викендов го играат последниот меч од групната фаза во Лигата на шампионите пред своите навивачи против аутсајдерот Вакер Тун, противник кој го пречекуваат без притисок, но со голема внимателност.

Дамјановски заврши 81-ви

На крос кантри трката на 15 километри класично, односно дисциплината која е негова специјалност, македонскиот претставник Дарко Дамјановски се пласираше на 81-та позиција.