НБА финалињата од Џордан до Леброн Џејмс

Оваа сезона во најсилната кошаркарска лига во светот беше посебна за нас затоа што се гордеевме со дебитантот Перо Антиќ. Вечерва стартува кулминацијата наречена финале со истите протагонисти од минатата сезона Мајами Хит и Сан Антонио Спарс. Одиме со една мини историја со најдраматичните и најинтересните моменти од финалните серии.

2013 Мајами Хит – Сан Антонио Спарс 4:3 (6 меч)

Во последниот напад од натпреварот при резултат 3:2 во финалната серија Реј Ален успеа да постигне тројка на 5 секунди до крајот и да се избори за продолженија, но тоа сепак не им ја донесе титулата. Спарси израмнија на 3:3, а Мајами стана шампион на седмиот решавачки меч.

2012 Мајами Хит - Оклахома Сити 4:1 (5 меч)

Откако загуби две финалиња, Леброн Џејмс конечно се искачи на врвот и тоа во голем стил. Петтиот и последен натпревар на кој ја освои првата шампионска титула го заврши со извонреден трипл-дабл учинок од 26 поени, 11 скока и 13 асистенции.

2010 Лос Анџелес Лејкерс – Бостон Селтикс 4:3 (7 меч)

Два поени предност и напад за Лејкерски на мајсторката против Бостон. Аутот го изведе Коби Брајант, а Словенецот Саша Вујачиќ искусно стигна до нови два поени кои им го донесоа пехарот.

2009 Лос Анџелес Лејкерс – Орландо Меџик 4:1 (1 меч)

Медиумите пишуваа дека Коби Брајант нема да освои ниту еден прстен без Шекил О`Нил, но погрешија. Финалната серија незапирливиот Брајант ја отвори со 40 поени, 8 скокови и 8 асистенции.

2006 Мајами Хит – Далас Маверикс 4:2 (5 меч)

Кошаркарите на Далас поведоа со 2:0 во финалната серија, но следуваше неверојатен кам бек и пресврт на Мајами кој стигне до титула со триумф на сите наредни четири меча. На неполни 2 секунди до крајот на петтиот меч Двејн Вејд ги погоди двете слободни фрлања за победа, а мечот го заврши со 43 поени, на многу контроверзи предизвика тајм аутот на Далас по изведеното прво слободно фрлање.

2005 Сан Антонио Спарс – Детроиот Пистонс 4:3 (7 меч)

Творец на триумфот кој значеше титула за Спарси беше Ману Џинобили кој од вкупно 23 поени, 11 постигна во последната четвртина.

2001 Лос Анџелес Лејкерс – Филаделфија 4:1 (1 меч)

Финалната серија стартуваше во Стејпл центар каде кошаркарите на Филадефлија приредија изненадување и поведоа со 1:0. Лидерот на гостите кои успеаа да стигнат до само еден триумф против Коби, Шек и дружината беше Ален Ајверсон кој имаше фантастична партија од 48 коша.

2000 Лос Анџелес Лејкерс – Индијана Пејсерс 4:2

Година во која започна победничката серија на Лејкерски предводени од Шек и Коби. НБА не памети таква доминација под кошевите на тешкиот центар уште од времето на Вилд Чемберлен. Финалната серија О`Нил во просек ја заврши со неверојатен учинок од 38 поени, 16,7 скока и 2,7 блокади со 61% реализација од поле.

1998 Јута Џез – Чикаго Булс 2:4 (6 меч)

Момент за историја поврзан со најдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан. Со тројката на Стоктон, Булси имаа -3 на 42 секунди до крајот, но тоа не претставуваше проблем да го анулира легендарната 23-ка. Потсетете се како „му ја скрши“ кичмата на Брајан Расел.