Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Рекламите за Светско првенство

Најк нè остави без зборови со нивната извонредна реклама за Светското првенство во Бразил која руши рекорди по гледаност на Јутјуб, но не им е прв пат. И за претходните Мундијали тие имаа подготвено неверојатни реклами со најголемите ѕвезди, со исклучок на 2006-та кога подобри беа Адидас.

Ползењето на Џерард во Јунајтед верзија

Мурињо му го расипа шампионското славје на Ливерпул и му го отвори патот на Манчестер Сити кон титулата во Премиер лигата. Навивачите на Манчестер Јунајтед не се нервираат што нивниот градски ривал сега е најблиску до славјето, туку тие му се ситат на капитенот на нивниот најомразен клуб.

Југословенскиот наставник, пријател и полицаец

Фудбалскиот свет вчера му испрати последен поздрав на легендарниот Вујадин Бошков кој почина на 82 години. Посебен простор доби во италијанскиот печат, најмногу поради успесите со Сампдорија, како и со неговиот посебен смисол за хумор.

Господин Манчестер Јунајтед

Бугарскиот навивач конечно ја доби правната битка и си го смени своето име во Манчестер Јунајтед.

Математиките за титулата во Премиер лигата

Фудбалерите на Ливерпул викендов се подготвуваа да ја прослават титулата, но математиките им ги расипаа Жозе Мурињо и Челси, па сега најголеми шанси за трофејот има Манчестер Сити. Кој, кога и како може да ја освои Премиер лигата?

Тивкиот протест на Клиперси

Кошаркарите на ЛА Клиперс го искажаа својот протест кон сопственикот на клубот, Доналд Стерлинг заради неговите расистички изјави со соблекување на нивните тренерки и се загреваа со маички без логото на тимот.

Најдобрите од Премиер лигата

Напаѓачот на Ливерпул, Луис Суарез е избран за најдобар фудбалер на годината, а за најдобар млад фудбалер во Премиер лигата е прогласен Еден Азар од Челси.

Како Алвеш го победи расизмот

Навивачите на Виљареал се обидоа да го испровоцираат Дани Алвеш фрлајќи му банана на теренот, но фудбалерот на Барселона не само што не падна на провокацијата, туку и реагираше на многу кул начин.

Цибона владее со регионалната кошарка

Во хрватското финале на АБА лигата во Белград, екипата на Цибона ја победи Цедевита и ја освои својата прва титула од регионалната лига.

Заврши одисејата на Металург

Македонскиот вицешампион уште еднаш ја почувствува моќта на Бундеслигашот кој и покрај огромната предност од 10 поени разлика од првиот дуел, повторно беше немилосрден на веќе обезбедениот пат до Келн.

Антиќ промаши тројка за продолжение

Кошаркарите на Атланта пропуштија шанса да се најдат на чекор до пласман во втората плејоф рунда откако по неизвесна завршница го загубија четвртиот натпревар.

Вардарци се вратија да се поздрават со Комитите

Откако речиси 20 минути по завршување на натпреварот Комитите не престанаа со пеење, цела екипа на Вардар повторно влезе во сала за да се поздрави со навивачите.

Вардар остана на 10 секунди од Фајнлфор

Во пеколна и трилер завршница, Страхиња Милиќ не успеа да му одолее на пеналот досуден на 10 секунди пред крај на натпреварот. Вардар – Фленсбург 27:25, Германците одат во полуфинале.

Тикет на колото

Ова се четирите натпреварите кои ние ги избравме за нашиот тикет за сигурна добивка викендов.

Голови на неделата

И оваа недела уредниците на TVGOLO имале тешка задача за да ги изберат најдобрите десет голови за изминатите седум денови. Уживајте!

Импресивните рекорди на Вејн Руни

Како вчера да ја видовме мајсторијата на 16 годишното момче од Евертон кое како голем талент потоа го засили тимот од „Олд Трафорд“. Тој има веќе една деценија стаж во Манчестер Јунајтед, доволно време за да стане еден од најважните играчи за историјата на клубот.

Кој ќе повреди играч, треба да излезе надвор со него

Поранешниот италијански судија, Пјерлуиџи Колина предлага нови мерки во фудбалот, за да нема моменти кога едниот тим неправедно има играч повеќе на терен.

Џерард во недела ќе части хамбургери

Викендов фудбалерите на Ливерпул играат важен меч против Челси кој може да биде и клучен за освојување на титулата. Посебна поддршка ќе имаат од децата од нивниот подмладок, затоа што во случај на триумф капитенот им ветил дека ќе ги носи во Мекдоналдс.

Македонците на Фејсбук најмногу пишуваат за Роналдо

Магазинот Тајм ја објави листата на 100 највлијателни луѓе за 2014-та година, како и светска мапа обоена според личностите за кои се пишува на Фејсбук во земјите. Кај нас доминира Кристијано Роналдо.

А да се пробаш во шах?

Некои спортисти си ги имаат промашено професиите. Еден од нив е и Французинот од Арсенал, Абу Диаби за кој фудбалот очигледно е премногу опасен спорт и поголемиот дел од кариерата ја помина надвор од терените заради повреди. Би му препорачале балет, ама и таму ќе се повреди. Ти си дечко само за шах во парк со пензионерите.

Абутовиќ: Ќе им искинеме повеќе од седум дресови

Македонскиот ракометен шампион утре го игра најважниот, но и најтешкиот меч на сезоната на кој брка историски фајнлфор. На само еден час пред повлекувањето во карантин, за офф.нет зборува левиот бек на Вардар, кој повторно ќе има тешка задача да ги скроти налетите на Германците.