Горан Пандев не може без Неапол, а дека италијанскиот градот му недостасува, тој веќе повтори во неколку интервјуа за турските и медиумите од Апенините.
„Живеев 13 години во Италија, израснав како фудбалер во Лацио, со Интер освоив сè, но трофеите со Наполи ми се најдрагоцени“, вели Пандев за турскиот канал Лиг Тв.
Откако тренерот Бенитез не сметаше на неговите услуги во продолжение од сезоната, Горан Пандев реши да ја прифати понудата на клубот од Истанбул, каде ќе соработува со Чезаре Прандели.
„Амбиентот во Неапол е навистина прекрасен. Луѓето се многу топли и неверојатно е колку го сакаат фудбалот. Освоивме два Купа на Италија и прославите беа фантастични. Наполи е единствен по френетичните навивачи кои секаде го бодрат својот клуб“, заклучува Пандев.
Струмичанецот своето деби за Галатасарај би можел да го има во сабота, кога од 19. часот Галата го пречекува Ескишекирспор.