Offside

Во НБА ретко се откажуваат од огромни договори. Тоа е животен сон за многумина, да се обезбедат за уште долго по крајот на кариерата.

Му легна од пола терен

Ниту еден голман до сега не очекувал ваков повратен одговор откако ќе дегажира некаде до средината на терен. Погодоков во Сингапур заслужува да биде број 1 на сезоната.

Меси, Роналдо и Нејмар на бостан

Атмосферата во Бразил пред почетокот на Светското првенство до толку е подгреана што еден готвач почна да ги резба ликовите на Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар на лубеници.

Жената која ја промени историјата на маратоните

Една од најпознатите трки на светот, маратонот во Бостон, 70 години бил трка на мажи. Во 1967-та година една девојка „упадна" на маратонот, го избегна нападот од директорот на трката и ја промени историјата на маратонското трчање.

Тевез е гаранција за титула

Ја откривме формулата за освојување на титула. Во тимот мора да има Шпанец и да игра Карлос Тевез. Аргентинецот освојува титула каде и да оди, но заостанува зад Матеја Кежман на листата на фудбалери со освоени титули во различни држави.

Еквадорец го повтори шутот на Роберто Карлос

Фернандо Гереро од екипата на Индепендиенте од Еквадор го изненади противничкиот голман совладувајќи го со удар од мртов агол во стилот на Роберто Карлос.

Тренерот кој сака да ги слика своите играчи

Со гостинскиот триумф против Рајо Ваљакано фудбалерите на Атлетик Билбао математички се на четвртата позиција, а тоа значи дека по дури 16 години ќе се борат за пласман во Лигата на шампионите. За тоа е заслужен еден познат шпански фотограф.

Египетскиот Роналдо

Најдобриот фудбалер во светот не е ниту прв ниту последен што дал гол со петица. Слична таква мајсторија сега гледаме во арапски стил.

Нејмар: Ќе ме стави ли на список?

Во домашна и опуштена атсмофера двете ѕвезди на Барселона заедно со другарчињата, во живо го следеа моментот кога селекторот Сколари ги читаше 23 среќници кои ќе го бранат националниот дрес на најголемиот светски спортски настан на свој терен. Алвеш искулирано го гледаше пресот, додека Нејмар имаше малку трема.

Реал и Барса највредни клубови на планетата

За прв пат откако магазинот Форбс го прави рангирањето на клубовите според нивната вредност, на врвот на листата се најдоа два шпански клубови.

Ѓуровски го објави списокот за двете контролки

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Бошко Ѓуровски направи поширок список на играчи од кои дел ќе отпаднат за двете пријателски средби против Катар и Камерун.

Во фабриката на Панини

Фотографот на Ројтерс ја посети фабриката на Панини во предградието на бразилскиот град Сао Паоло каде се произведуваат околу 8 милиони пакетчиња дневно.

Македонија ја задржа 80-та позиција

На најновото рангирање на фудбалските репрезентации според ФИФА, македонскиот национален тим остана на истата позиција од минатиот месец.

„Отпишаните“ на Сколари би растурале во Бразил

Луис Фелипе Сколари го објави списокот на репрезентацијата на Бразил која ќе настапи на Светското првенство, а од фудбалерите кои не се на списокот може да се состави уште една репрезентација која ќе биде конкурентна на Мундијалот.

Офсајд лик на денот: Недас Чеплинскас

18-годишниот Недас Чеплинскас е најлошиот соиграч кој можете да го посакате во вашиот тим, а игра за еден од најлошите прволигаши во Европа. Нашиот офсајд лик ја започна својата кариера со три автогола.

Montenegro шампион на Бизнис Лигата на Македонија

Екипата на Монтенегро го совлада Лукоил во големото финале и ја освои шампионската титула во Бизнис Лигата на Македонија.

Куп трофејот во рацете на Работнички

Лидерот на табелата во македонскиот фудбалски шампионат е новиот освојувач во Купот на Македонија. Романтичарите кои во поголемиот дел од натпреварот беа со играч повеќе славеа на арената „Филип Втори“ против Металург со 2:0.

Креативноста на навивачите на Борусија

Во просек одат по над 80.000 на натпревар и побројни се од навивачите на Баерн Минхен, Барселона, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Човек и да не го боли уво за фудбал би посакал да ги види овие рекмек дела во живо.

12.000 евра казна за мајмунски работи

Навивачот кој го гаѓаше Дани Алвеш со банана доби доживотна забрана за присуство на стадионот „Ел мадригал“, а нема да биде поштеден ниту Виљареал.

Легендата која нема непријатели

Мораше и тој ден да дојде. По 22 години активно играње фудбал, херојот на Интер, Хавиер Занети на крајот од оваа сезона ќе ги закачи копачките на клинец. Морати не бираше зборови за да и се заблагодари на иконата која останува во клубот во друго својство.

Офсајд лик на денот: Мохамед Ал-Фаед

Поранешниот сопственик на Фулам, Мохамед Ал-Фаед знае зошто овој клуб испадна од Премиер лигата. Причината за лошите резултати на Фулам е отстранувањето на статуата на Мајкл Џексон од пред стадионот.

Реал и Атлетико немаат победа со Кујперс

Финалната пресметка од Лигата на шампионите во Лисабон на 24 мај, му се падна на холандскиот арбитар со кој финалистите немале досега среќа.

Жив ѕид за шутот на Тони Мицевски

Бразилците најдоа лек за ниските шутеви од слободен удар со каков што Тони Мицевски ја матираше Турција, а подоцна го ископира и Кристијано Роналдо против Баерн Минхен. За жал овој жив ѕид не им помогна на фудбалерите на Понте Прета на натпреварот против Парана.

Симеоне: „Цела Шпанија навива за Атлетико Мадрид“

Човекот кој не само што покажа дека шпанската Примера не е лига на два клуба, туку и е блиску до освојување на националната и континенталната титула, верува дека неутралните навиваат за Атлетико Мадрид.

Како се завршува еден карамбол

Фудбалерите на Сантос се изнамачија да ја затресат мрежата од близу и да стигнат до израмнување, но затоа од далеку ја следеше целата кација Пјер Кок кој покажа дека послесно е од 30 метри.