1. Недостаток на лидери. Ако се погледне составот на Јунајтед, ќе се види дека многу е очигледно дека такви нема во тимот, со исклучок на Вејн Руни. Но тој беше на Олд Трафорд заедно со Рој Кин, Гери Невил, Пол Сколс, Фердинанд, Видиќ и ќе мора да примени нешто од нив. Кога работите не одат на терен, мора да има некој кој ќе ги подигне рацете и ќе врати тимот психолошки. Ова е можеби најголемата причина што исчезна нивниот победнички менталитет.
2. Луи Ван Гал. Холандскиот стратег е само неколку месеци, но и покрај педригето кое го има, тој не успеа многу да придонесе, а од него се очекуваше брз прогрес на тимот. Периодот за трансфери е завршен, а тој има релативно нов тим, играчи кои треба да се запознаат на теренот и кои ќе треба да ги однесе на вистинскиот пат. Откако неговиот тим ќе постигне 3 голови не смее да дозволи да го загубат мечот.
3. Не знаат да го возвратат ударот. По пресвртот на Лестер, „Црвените ѓаволи“ не реагираа и како да го немаа тој менталитет да го затворат противникот и да го наметнат својот авторитет. Оваа тема е продолжување од минатата сезона со Дејвид Мојс. Играчите го загубија својот победнички менталитет, а Ван Гал тоа мора веднаш да го врати, затоа што во Премиер лигата нема лесни натпревари. Што ќе се случи кога ќе се сретнат со некој тим од врвот на табелата?
4. Баланс. Манчестер Јунајтед треба да ја врати рамнотежата и да се наметне со својот стил на игра. Одбраната им е просечна, имаат неискусни и склони на повреди, играчи како Џонс, Смолин и Еванс, а во нападот на хартија ги имаат едни од најдобрите во Европа. Ди Марија, Руни, Ван Перси, Мата, Фалкао се некои од водечките имиња. Прашањето е дали ќе може да се постигнат повеќе голови отколку што ќе се примат за да се редат победите?
5. Формацијата. Кога Ван Гал стана тренер, беше јасно дека ќе ја инсталира формацијата 3-5-2 која одлично го служеше со Холандија. Таа му донесе добри резултати на претсезонската турнеја, но во првенството му прави проблеми. Тој ги нема вистинските играчи за таа формација. Нема вистински крилни играчи, а ниту фудбалери од средниот ред кои ќе им помагаат на тројцата дефанзивци. Тој се чини дека тоа го сфати и се врати традиционално со четворица во одбрана, а откако ќе добие засилувања можеби повторно ќе се обиде со неговата омилена формација.
6. Не им се плаши никој. Под водство на Фергусон, противниците на Јунајтед знаеа дека ќе треба да водат голема битка која речиси однапред е половина загубена. Ова се промени со Мојс, екипите наоѓаат пукнатини и престанаа да му се плашат. Ван Гал ќе мора да го врати заштитниот знак на клубот кој со години го има Манчестер Јунајтед. Тоа е напаѓачки фудбал и желба за победа без разлика што и да се случи на теренот.
7. Самодоверба. Ова е еден очигледен фактор што му се случи на тимот под водство на Мојс. Можеби ова беше за очекување кога тогаш дека ќе се случи, бидејќи тие повеќе не работа со најтрофејниот тренер на сите времиња. Ван Гал работеше на ова во текот на летото и оствари резултати, но грачите се во паника и често прават грешки како што беше со поразот од Лестер.
8. Бавна активност со трансфери. Исто како со Дејвид Мојс минатото лето, клубот многу бавно реагираше на пазарот и не потпишуваше играчи за да го подобри квалитетот на тимот. Ван Гал можеби сакаше да им даде шанса на играчите кои се веќе во тимот, но времето во новата сезона одминува, а Јунајтед ќе мора да го пронајде својот идентитет.
9. Робин Ван Перси. Фергусон го донесе во тимот за да ги постигне потребните погодоци за славје во сезоната 2012/2013. Тој тоа го стори и ја освои титулата. Од тогаш не му оди најдобро, а имаше и повреди. Напаѓачот не е повеќе помеѓу најдобрите во Европа и со 31 година ризикува да си ја заврши мисијата со Јунајтед.
10. Одбрана. По минатата сезона со Мојс беше јасно дека е дојдено време за ремонт во одбраната. Евра, Фердинанд и Видиќ заминаа, а Џонс, Смолинг и Еванс не го засилија тимот на потребното ниво. Меѓу нив нема водач со искуство кој ќе ја организира одбраната, а на тоа ќе мора веднаш да работат.