Оригиналната идеја на купот е да се одигра еден натпревар, на кој домаќин ќе биде Милан а ќе игра против екипа која што макар еднаш ја освоила Лигата на шампионите или нејзиниот пандан во Јужна Америка, Копа Либертадорес.
Сепак, само Реал Мадрид, Баерн Минхен и Интер по еднаш играа против Милан, кој во Јувентус најде идеален партнер во натпреварот кој стана традиционален. Од 1995-та па сè до 2012-та, „бјанконерите" доаѓаа во Милано.
Домаќинот на дуелот има 12 трофеи од Берлускони купот, додека Јуве има 10. Најдобар стрелец во историјата на овој натпревар е актуелниот тренер на Милан, Филипо Инзаги со 7 гола, зад него е Алекс Дел Пиеро со 4 погодоци. Карло Анчелоти е тренерот со највеќе трофеи од натпреварот, вкупно 7 (2 со Јуве, 5 со Милан). Фабио Капело има 5 (4 со „росонеритe" и 1 со Јувентус).
Минатата 2013-та година, натпреварот беше заменет со „Трофео Тим“ (одигран во Реџо Емилија), поради обврските кои ги имаше италијанската фудбалска репрезентација во Милано. Годинава, аргентинскиот Сан Лоренцо ќе го замени Јувентус. Омилениот тим на Папата Франческо како освојувач на Копа Либертадорес ќе игра против Милан на 5-ти ноември (среда), на „Сан Сиро".