Според тазе објавениот ценовник на Реал Мадрид кој ќе биде домаќин на првиот дуел на титаните во новата сезона, најевтината карта која е во продажба изнесува 70, а најскапата 340 евра.
Како што е обичај, предност за купување на влезници ќе имаат навивачите со членски карти, додека остатокот за останатите заинтересирани ќе биде достапен на пет дена пред стартот на мечот.
Ел Класико секоја година носи огромен интерес, а резултатот од двете средби може да биде клучен за тоа кој ќе ја освои титулата во Примера. По пет одиграни кола Барселона има 13 бодови, 4 повеќе од Реал Мадрид.
Од најсилните првенства во Европа за најскапа важи Премиер лигата, каде сезонска карта достигнува цена и до 2000 фунти. Но челниците на лигата направија иницијатива за да им го скратат трошокот на навивачите.
Политика на евтини карти и полни стадиони се води во Бундес лигата, а за тоа како беа посетени стадионите на стартот од оваа сезона во најсилните 5 европски лиги и плус холандската, клик тука.