Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Венгер и Хоџсон веруваат во Тео Волкот

Договорот на Волкот со Арсенал завршува на крајот од следната сезона, но тренерот на „топџиите" сака уште од сега да му го продолжи престојот на Емирати. По една година, Волкот се враќа и во репрезентацијата на Англија.

Македонија ќе ја напаѓа Словачка со Давид Бабунски

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација го објави списокот на играчи за квалификацискиот меч против Словачка.

Манчестер губи, а на Руни му е до песна

Прво Петр Чех покажа што знае на тапани, а сега Вејн Руни го начека Ед Ширан во еден паб и покажа каков глас има.

Наезда галеби помогнаа во контра напад

Конор Пеин од ФК Мелбурн од контра го постави конечниот резултат 2:0 против Велингтон Феникс а му асистираа океанските галеби.

Јувентус никако да го најде правиот напад

Во досегашниот тек од сезоната, Алегри проба 5 напаѓачи и 7 различни тандеми. Тевез и Љоренте дале најмногу гола, но играле повеќе од Мората, Коман и Џовинко заедно.

Пандев во обид да ја искористи кризата на Дортмунд

Кралевите имаат 11 победи по ред во сите натпреварувања, а Ливерпул е притиснат од Базел и Лудогорец. Галатасарај сака да се офајди во Дортмунд кој има 5 порази по ред во Бундеслигата.

Израелското дерби не издржа ниту едно полувреме

Навивачите на дерби пресметката во Тел Авив влетаа на терен и го прекинаа мечот при резултат 1:1 по што настана тепачка, а провокацијата почна во 22 минута откако Еран Захави со пукање накај публиката го прослави голот. Револтот им е уште поголем и поради неговиот трансфер од Хапоел во Макаби.

Зенит - Леверкузен од 18:00 и Реал Мадрид - Ливерпул од 20:45

Вечерва се отвора 4. коло од Лигата на шампионите, а дербито на вечерта се игра во Шпанија каде Реал го пречекува Ливерпул.

Во дожд од голови Dominos Pizza подобар од Eurolink

Стартот од петтото коло во Бизнис лигата по вторат пат оваа сезона донесе ефикасен натпревар со 20 голови. На другите два меча Montenegro славеше убедливо против Контрола на летање, а Глобко Логистик и Sparkasse ги поделија бодовите.

Европската комисија ќе ја чешла работата на Динамо Загреб

Според хрватскиот tportal, ЕК ќе го истражува финансирањето на хрватскиот клуб од градскиот буџет, Загреб Холдинг и Туристичниот одбор на Загреб поради сомнение за нелегална помош и нарушување на конкуренцијата. 

10 причини зошто Мурињо е во право кога ги критикува навивачите

Саботната победа против КПР не беше доволна Португалецот да биде мирен, по што веднаш по мечот изјави дека неговите играчи немаат поддршка каква што заслужуваат.

НБА од перспектива на Терминатор

Графичкиот приказ на акцијата е дел од најновата технологија со помош на која ќе може да се прати разновидна статистика во живо за време на натпреварите во најсилната кошаркарска лига во светот.

Џон Тери прави колекција од капитенски ленти

Некогашниот капитен на англиската репрезентација и актуелен лидер на Челси ги чувал сите ленти со кои ја изнесувал екипата на терен.

Голот на неделата доаѓа од Еквадор

Во дуел од еквадорската лига, Силвио Гутиерез од Депортиво Куенка постигна гол од 40-ина метри против Манта.

Генерација 1989-та

На 9-ти ноември ќе се прослави 25 годишнина од падот на симболот на Студената војна, а годинава е и четвртина век од раѓањето на некои од најдобрите фудбалери на денешницата.

Ван Гал и Бентнер за Крис Смолинг

Кариерата ја почна во 2007 година во регионална лига во Лондон каде се натпреваруваат полупрофесионални клубови. Потоа замина во Фулам кој пред четири години на Манчестер Јунајтед му го наплати 11 милиони фунти.

Првите 11 на Јунајтед најскапи во историјата на Премиер

Екипата избрана од Ван Гал за дербито против Манчестер Сити во неделата чини околу 300 милиони евра, но и покрај тоа го има најлошиот старт на сезоната од 1986. година пред Фергусон да го замени Аткинсон.

Како се слави пресврт во 91 минута

Тотенхем губеше на гостување против Астон Вила околу 70 минути, но во последните 6 минути се избори за победа. Гифот го одбележува тој во зелената јакна.

Лацио – Каљари во 21:00

Од спорт на тв ви ги препорачуваме фудбалските натпревари со кои се заокружува колото во националните првенства во Европа, потоа преглед со голови, меч од АБА лига, а за тие што седат до покасно има НБА.

Хамилтон на чекор од титулата по славјето во Остин

Нова победа, 5-та по ред за британскиот пилот, овој пат на трката за ГН на САД, по што Луис Хамилтон веќе во Бразил би можел да го крене шампионскиот пехар. Нико Розберг втор, Даниел Рикардо од Ред Бул трет со 25 секунди послабо време од водечката двојка.

Пораз за МЗТ пред градското дерби

Кошаркарите на Цедевита ја оправдаа фаворитската улога и славеа против МЗТ Скопје со 61:76. По минати 5 кола од Јадранската лига, тимот од Аеродром има 3 порази. Бекот Диксон дебитираше со 5 коша.

Вардарки се изнамачија за победа во Копривница

Ракометарките на ЖРК Вардар стигнаа до втора победа во низа и со овој триумф на гостински терен против Подравка со една нога се наоѓаат во втората фаза од ракометната Лига на шампиони.