И покрај тоа што заедно со Атлетико Мадрид важеше за фаворит во групата А, Јувентус по 3 одиграни кола има 3 бода и вечерва мора да победи против Олимпијакос ако сака да остане во игра за пласман понатаму.
Против Емполи во саботата, тренерот на Старата дама ги одмораше Карлос Тевез и Фернандо Љоренте и се очекува тие да стартуваат вечерва против Олимпијакос, но можно е да почне и Алваро Мората.
Од почетокот на сезоната и тандемот Тевез-Коман во првото коло, па до Мората-Џовинко во саботата, Јувентус испробал 7 различни варијанти во нападот. Најмногу минути (723) Јуве играл со Тевез и Љоренте, следува тандемот Тевез-Мората (204), Тевез-Коман (99), Мората-Џовинко (96), Џовинко - Љоренте (85), Мората - Коман (13) и Љоренте - Коман (8 минути).
Јувентус дал гол на секои 68 минути кога нападот го предводеле Тевез и Мората, а Љоренте и Тевез даваат гол на секои 91 минута. Тевез и Љоренте дале 8 гола, Тевез и Мората 3.
Карлос Тевез со 6 гола е најефикасен играч на Јувентус. Следува Видал со 3, Мората со 2, а по 1 гол имаат Бонучи, Погба, Маркизио, Љоренте, Пирло и Лихштајнер. Торинската екипа дала 7 гола во периодот од 46-та до 80-та минута. Од 16-та до 46-та Јуве постигнал 6 гола, во последните 15 минути 3 гола, а во првите 15 само 2 гола.