Генерација 1989-та

На 9-ти ноември ќе се прослави 25 годишнина од падот на симболот на Студената војна, а годинава е и четвртина век од раѓањето на некои од најдобрите фудбалери на денешницата.

ТОМАС МИЛЕР

Милер е роден на 13. септември во Вилхајм, два месеци пред падот на Берлинскиот Ѕид. На СП во Бразил постигна 5 гола и беше најзаслужен за титулата на „панцерите“. Освен со репрезентацијата, Милер во 2013. година ја освои и Лигата на шампионите со Баерн Минхен во финалето против Дортмунд.

ГЕРЕТ БЕЈЛ

Велшанецот е уште еден шампион роден '89-та година. Бејл е роден во Кардиф на 16. јули, а годинава со Реал Мадрид стигна до трофејот од Лигата на шампионите, десетти за Кралскиот клуб. Пред Реал Мадрид играше за Тотенхем и Саутемптон.

ДАНИЕЛ СТАРИЏ

Напаѓачот на Гордиот Албион и Ливерпул е роден на 1. септември 1989-та во Бирмингем. Со англиската репрезентација играше на СП во Бразил, а стандарден е и во квалификациите за ЕП во Франција. По заминувањето на Луис Суарез во Барса, Стариџ е првиот избор на Ливерпул во нападот.

ТЕО ВОЛКОТ

Од Велс во Англија. И напаѓачот на Арсенал е генерација '89-та, роден на 16. март. Волкот со Арсенал освои трофеи во ФА и Лига купот и е стандарден англиски репрезентативец. Во Арсенал дојде од Саутемптон.

ХАВИЕР ПАСТОРЕ

И Јужна Америка има славен фудбалер роден во годината кога се рушеше Ѕидот во Берлин. Хавиер Пасторе, играчот за врска на ПСЖ е роден во Кордоба, Аргентина на 20. јуни. По три сезони во Палермо, Пасторе замина во Париз, каде веќе освои 2 шампионски титули. Беше дел од селекцијата на Аргентина која стана вицешампион на СП во Бразил.

ПИЈЕР-ЕМЕРИК ОБАМЕЈАНГ

Целиот напад на Борусија Дортмунд се родил пред 25 години. Некогашниот фудбалер на младинските категории на Милан, Пијер Обамејанг е роден на 18. јуни и има француско - габонско потекло. Играше во Дижон, Лил и Монако, за да од Сент Етјен во 2013-та година да замине во Борусија Дортмунд.

ХЕНРИК МИХТАРЈАН

Ерменецот е роден на 21. јануари. Капитен е на ерменската репрезентација. По 4 години минати во Шахтјор Донетцк, Михтарјан во 2012-та потпиша со Дортмунд.

МАРКО РОЈС

Повремениот германски репрезентативец, Марко Ројс е роден на 31. мај во Дортмунд (тогаш во Западна Германија). Професионалната кариера ја почна во Рот Вајс Ален а талентот го докажа во Борусија Менхенгладбах. Во 2009-та потпиша со Дортмунд а за Германија има 23 настапи и 8 гола.

ШИНЏИ КАГАВА

Јапонецот е роден на 17. март во градот Кобе. Првпат заиграл фудбал во локалниот клуб Марино, а кариерата ја продолжи во Мијаги Барселона и Черезо Осака од каде замина во Дортмунд пред 5 години. Од 2008-ма е репрезентативец на Јапонија и на 58 средби дал 19 гола.