НБА од перспектива на Терминатор

Графичкиот приказ на акцијата е дел од најновата технологија со помош на која ќе може да се прати разновидна статистика во живо за време на натпреварите во најсилната кошаркарска лига во светот.

На почетокот на новата сезона во НБА лигата, први кои имаа можност да видат како изгледа овој изум се навивачите на Лос Анџелес Клиперс кои во Стејпл Центар на големиот екран гледаа разни статистички податоци.

„Го имаме новиот производ кој се вика DataFX, а преку тоа може да се прикажува видео, напредна статистика и специјални ефекти. Тоа е еден вид скриена страна на она што се случува во играта, а не може да се види“, изјави Раџив Махшваран, директор на компанијата кој стои зад оваа нова спортска технологија.

Втората апликација се вика Clippertron, а таа им овозможува на навивачите да ја преземат контролата на големиот екран во салата во реално време. Со помош на смартфоните тие можат да изберат видео од одредено забивање, тројка или било кој дел од акција која би се прикажала на екранот, а истовремено таму ќе стои и неговото име.

Кога извршниот директор на Мајкрософт, Стив Балмер во август оваа година ги купи Клиперси за два милијарди долари, во неговото барање стоеа две соби за канцеларија во центарот на Лос Анџелес.

„Имаме еден куп проекти на кои работиме и кои мислиме дека ќе бидат во корист на навивачите. Тоа веќе им го покажавме, но ќе продолжиме овие верзии да ги развиваме уште повеќе“, рече Махшваран.

Технологијата ја презентирал на 82-инчен тач екран и како пример ја искористил драматичната акција од минатата сезона, кога Реј Ален постигна тројка на 5 секунди до крајот на шестиот финален меч против Сан Антонио.

3 ноември 2014 - 15:03