Пандев во обид да ја искористи кризата на Дортмунд

Кралевите имаат 11 победи по ред во сите натпреварувања, а Ливерпул е притиснат од Базел и Лудогорец. Галатасарај сака да се офајди во Дортмунд кој има 5 порази по ред во Бундеслигата.

РЕАЛ МАДРИД - ЛИВЕРПУЛ (20:45)

Пред 14 дена, Роналдо и Бензема убедливо го освоија Енфилд Роуд 0:4 што беше најубедлив пораз на Ливерпул на домашен терен во ЛШ.

- Во сезоната 2008/2009, Ливерпул предводен од Рафа Бенитез славеше 1:0 во Шпанија и 4:0 против на Енфилд, што беше највисок пораз на Реал Мадрид во Лигата на шампионите;

- Во еден од најпознатите натпревари во 1981-та година, Ливерпул го победи Реал 1:0 во финалето на Купот на куп победниците. Алан Кенеди го постигна единствениот гол;

- Триумфот против Базел во првото коло беше деветта победа по ред на Реал Мадрид на домашен терен;

- Ливерпул загуби од Базел во Швајцарија 1:0 и за прв пат после 6 години има само 3 бода од 3 натпревари во ЛШ;

- Против англиските клубови, Реал Мадрид дома има 6 победи 5 нерешени и 2 порази;

- На шпанско тло, Ливерпул има 7 победи 4 нерешени и 3 порази;

Можни состави:

Реал Мадрид - Касиљас, Арбелоа, Пепе, Рамос, Марсело, Модриќ, Крос, Иско, Хамес, Роналдо, Бензема.

повредени: Хесе, Карвахал, Коентрао, Иљараменди, Кедира и Бејл.

Ливерпул: Мињоле, Џонсон, Ловрен, Шкртел, Морено, Ален, Џерард, Хендерсон, Стерлинг, Кутињо, Балотели.

повредени: Сако, Фланаган, Сусо, Енрике и Стариџ.

БОРУСИЈА ДОРТМУНД - ГАЛАТАСАРАЈ (20:45)

- Германците славеа во Истанбул во претходното коло 0:4 и имаат 9 бода од 3 натпревари. Галатасарај има само 1 бод и ќе се бори со Андерлехт за третото место кое води во Лига Европа;

- Тимот од Истанбул последен пат победи во Дортмунд во сезоната 1999/2000. Во реваншот од Уефа купот, Турците славеа 0:2;

- Галатасарај во Германија досега има 5 победи и 5 порази, без ниту една нерешена средба;

- Дортмунд загуби на 5 натпревари по ред во Бундеслигата и се наоѓа на 17. место. Галатасарај е прв во турската лига заедно со Фенербахче;

Можни состави:

Дортмунд: Вајденфелер, Пишчек, Суботиќ, Папастатопулос, Дурм, Гиндоган, Бендер, Обамејанг, Михтарјан, Ројс, Имобиле.

повредени: Хумелс, Шахин, Сар, Џи, Кирх, Шмелцер.

Галатасарај: Муслера, Тарик Чамдал, Каја, Чеџу, Тељеш, Мело, Инан, Алтинтоп, Снајдер, Бурак, Булут.

повреден: Ајдин Јилмаз.

Играј ги двата меча во супер сингл понудата на Типстер.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 4 КОЛО:

Група А: Малме - Атлетико Мадрид, Јувентус - Олимпијакос

Група Б: Реал Мадрид - Ливерпул, Базел - Лудогорец

Група Ц: Бенфика - Монако, Зенит - Лверкузен (18:00)

Група Д: Дортмунд - Галатасарај, Арсенал - Андерлехт