Со вечерашната победа во Остин на 17. трка во сезоната, Луис Хамилтон сега има 24 поени повеќе од вторпласираниот во генералниот пласман, Нико Розберг. Триумфот во САД е и рекорден за британската историја на Ф1, затоа што Хамилтон вечерва ја оствари 32. победа и на тој начин го престигна легендарниот Најџел Менсел.
Трката за големата награда на САД почна со сејфти-кар, затоа што во првиот круг Перез невнимателно го поткачи Зотил. По излегувањето на сејфти-карот, Нико Розберг го задржа водството, а тимскиот колега Луис Хамилтон беше веднаш зад него.
Првите двајца пилоти сезонава се бркаа сè до 24.круг, кога Британецот успеа да го претекне Розберг во 12-та кривина и водството го чуваше до крајот на трката. Хамилтон славеше со време 1:40:04, а Нико Розберг целта ја мина како втор со четири секунди задоцнување 1:44:07. Даниел Рикардо од Ред Бул беше трет а на подиумот стигна иако имаше 25 секунди послабо време од водечката двојка.
Следната трка се вози наредниот викенд на легендарната патека Интерлагос во Бразил.