Во дожд од голови Dominos Pizza подобар од Eurolink

Стартот од петтото коло во Бизнис лигата по вторат пат оваа сезона донесе ефикасен натпревар со 20 голови. На другите два меча Montenegro славеше убедливо против Контрола на летање, а Глобко Логистик и Sparkasse ги поделија бодовите.

Реми за Глобко Логистик и Sparkasse 

Глобко Логистик 2-2 (1-1) Sparkasse
Глобко Логистик: Денис Џајков 4’, Александар Божинов 23’
Sparkasse: Дарко Стојановски 10’, 25’

Во текот на целото прво полувреме се водеше израмнета борба и на двете страни. И двете екипи играа затворен фудбал не дозволувајќи лесно да се поентира и да се оствари некоја позначителна предност. Во ваквата игра на полувремето се отиде израменето со 1-1. Второто полувреме започна со поофанзивен фудбал и за само 5’ падна по еден гол на двете страни. Но, како и во првото полувреме во понатамошниот дел од натпреварот и двете екипи ставија акцент на одбраната, па во потполно израмнета игра го завршија овој натпревар со поделба на бодовите.

Montenegro сигурен против Контрола на летање

Контрола на летање 1-8 (1-3) Montenegro
Контрола на летање: Ненад Константиновиќ 16’
Montenegro: Горан Новакоски 4’, Сашо Павлоски 11’, 35’, 40’, Јорданчо Јакимоски 13’, 31’, Златко Исакоски 34’, 40’

Одличен натпревар одиграа екипите на Контрола на летање и Montenegro во духот на фер плеј играта, како што е и впрочем мотото на Бизнис Лигата на Македонија. Се играше играше доста чист фудбал и на двете страни. Екипата на Montenegro имаше подобро поставен напад на кој соодветно не можеше да одговори одбраната на Контрола на летање, па го добија овој натпревар со 1-8.

Во дожд од голови Dominos Pizza подобар од Eurolink

Eurolink 9-11 (5-5) Dominos Pizza
Eurolink: Александар Трпковски 3’, 15’, 16’, Никола Кочовски 5’, Дарко Кадински 16’, 37’, Антонио Кочовски 21’, 25’, 40’
Dominos Pizza: Александар Бојоски 9’, 15’, 38’, 40’, Бојан Стојковски 18’, 19’, Неделко Неделковски 18’, Никола Гајдов 21’, 24’, 30’, 33’

Натпреварот го отвори екипата на Eurolink која наметна доста офанзивен ритам со многу голови уште на самиот почеток. Овој ритам го прифати екипата на Dominos Pizza, кој и двете екипи го држеа во текот на целиот натпревар. Акцентот беше ставен во целост на нападот, па така бевме сведоци на многу голови и на двете страни. На крајот поснаодлива беше екипата на Dominos Pizza  која го доби овој натпревар со 9-11.

4 ноември 2014 - 09:33