Де Хеа, Валенсија, Смолинг, Рохо, Шо, Блинд, Јанузај, Фелаини, Руни, Ди Марија, Ван Перси се играчите кои го започнаа натпреварот против градскиот ривал Сити, а според БиБиСи вкупната вредност на тие 11 играчи изнесува 308 милиони евра. Според германскиот Трансфермаркет цената на играчите изнесува 297 милиони, но тоа и не е толку важно кога ќе се видат резултатите на екипата.
Исклучувањето на Крис Смолинг во 37-та минута од мечот го одведе натпреварот во друга насока, а истиот Смолинг со вредност од 8 милиони евра е вториот најевтин играч на „црвените ѓаволи". Со единствениот гол, мечот го реши Серхио Агуеро чија вредност изнесува 45 милиони фунти.
Тренерот на Сити, Мануел Пелегрини на теренот прати екипа која што вреди околу 188 милиони евра. Во Јунајтед имаше 6 играчи кои вредат по околу 20 милиони евра.
Ди Марија е најскапо платен кој за 75 милиони евра дојде летово од Реал Мадрид. Лук Шо 37,5 милиони евра, Фелаини 32,4, Ван Перси 30,7, Рохо и Де Хеа по 20 милиони евра. На тој начин Манчестер Јунајтед е клубот кој најмногу потрошил летово, но и покрај тоа, избраниците на Ван Гал собраа само 13 бода во 10 кола, колку што имаат ВБА, Њукасл и Евертон.
Во Европа, само Реал Мадрид има поскапа прва постава од Манчестер Јунајтед. На Анчелоти му се доволни само Роналдо и Бејл кои заедно вредат 197 милиони евра. Вкупниот износ на првите 11 играчи на Реал Мадрид изнесува 450 милиони евра.
Инаку Ван Гал е полош и од Мојс