Offside

Претседателот на САД Доналд Трамп го поддржа првиот човек на ФИФА Џани Инфантино кој е под огромен притисок од јавноста а многу национални федерации му откажаа поддршка откако во јавноста се појави негов план да го приватизира и продава Светското првенство во фудбал.

Валенсија – Малага на Спортклуб 3

Како за петок, спортската понуда на тв воопшто не е лоша. Ви нудиме четири првенствени фудбалски натпревари и мечеви од Грен слем турнирот во Њујорк.

Муарем го одведе Карабак во ЛЕ каде ќе игра и Јаховиќ

Поранешниот играч на скопски Работнички, Муарем со гол во 51' минута обезбеди пласман на Карабак во ЛЕ. Успешна вечер имаа и Адис Јаховиќ со Ријека ,како и Бесарт Ибраими со Локерен, кој и покрај поразот оди понатаму поради гол во гости. Крсте Велковски со Сараево доживеа дебакл.

Ибраими против Челси, Шалке и Спортинг

Нашиот единствен претставник кој ќе дебитира во елитната Лига на шампиони ги доби протвниците на денешната ждрепка во Монако. 

Лудогорец го полуде коментаторот

Историскиот успех на тимот од Разград одекна во фудбалска Европа, но уште подалеку се слушаше Алексеј Сокачев, човекот што вршеше пренос од дуелот меѓу Лудогорец и Стеауа во Софија. Ова е втор пат еден бугарски тим да игра во Лигата на шампионите.

И Дел Пиеро ќе мантра во Индија

Најомилениот фудбалер на навивачите на Јувентус, не ја прифати понудата на унгарскиот Хонвед, но ја прифати онаа на Делхи Динамос од Индија.

Има ли фризер на УС Опен?

Убавината на белиот спорт сигурно лежи во натпреварите од женскиот тенис, но во жарот на борбата тенисерките понекогаш забораваат дека со долга коса потешко се игра. Тоа се докажа на примерот на данската убавица, Каролина Возњацки.

Батистута сакал да ги ампутира нозете

Легендарниот бомбардер на Фиорентина, Рома и Интер во интервју за аргентинскиот канал Тик Спротс го раскажа својот ноќен кошмар.

Стопер бранеше пенали и го однесе Лудогорец во ЛШ

Романецот Козмин Моци е херој на плејофот за влез во натпреварите по групи од Лигата на шампионите. Една од трибините на стадионот во Разград ќе го носи неговото име, ветил претседателот на „лудата шума“.

Ждрепка за Лига на шампиони во 17:45

Нашиот единствен претставник во најелитното клупско европско натпреварување, Агим Ибраими ќе ги добие противниците во групите. Од спорт на тв ви препорачување тенис и плејоф меч од ЛЕ.

Билбао во Лигата на шампионите по 16 години

Пласман во групната фаза од елитното натпреварување обезбедија уште Баер Леверкузен, Малме и Арсенал. Лудогорец после пенал рулетот, ја совлада Стеауа во Софија.

Македонија го потврди пласманот на ЕП 2015

Македонската кошаркарска репрезентација уште еднаш, без проблеми ја совлада Белорусија во последниот квалификациски меч за Евробаскетот и стигна до петтото учество на континенталните собири.

Марко Ван Хинкел за подмладување на Милан

Холандскиот играч кој е блиску до трансфер на „Сан Сиро“ доби пофални зборови од Мурињо, но незгодната повреда го спречи да биде достојна замена за ветеранот Френк Лампард во Челси.

Брандао може да лежи во затвор за ударот врз Мота

Бразилскиот фудбалер од редовите на Бастија кој со глава го удри и му го скрши носот на Тијаго Мота од ПСЖ имал соучесник во нападот.

На УС Опен се зборува за Сиси Белис

Откако го воодушеви тенискиот свет со победата против Чибулкова, 15. годишната тенисерка од Калифорнија стана најпријатното изненадување на Флешинг Медоус годинава.

Сите ноќни кошмари на „ѓаволите“ во Лига купот

Поразот од МК Донс во англискиот Лига куп не е прв во историјата на тимот кој ја загуби стабилноста по заминувањето на Фергусон.

Колку го прогнозираа дебаклот на Јунајтед?

Откако по првите две кола во Премиер лигата освои само еден бод, 14 души во кладилницата Paddy Power погодија дека Ван Гал ќе продолжи во ист стил и ќе загуби од третолигаш кој е формиран пред 10 години.

Наполитанците против 30 годишната традиција на Билбао

Копјата за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите ќе се кршат во Баскија, а отворен резултат имаат и фудбалерите на Арсенал и Бешикташ. Малме и Лудогорец ќе бркаат победи на домашен терен, а таму со предност во плејофот е само Баер Леверкузен.

Голманска работа

Во моментот кога сите мислеа дека сигурно ја фатил топката, голманот на мексиканскиот клуб Мореља, Фелипе Родригез направи нешто што само голман може да стори.

Макаби без тренер поради воениот конфликт

Актуелната безбедносна ситуација во Израел го примора шпанскиот тренер Оскар Гарсија да го напушти кормилото на клубот од Тел Авив.

Македонија - Белорусија (МТВ 3)

Од спорт на ТВ за денеска го имате последниот кошаркарски квалификациски меч на Македонија, реванш средби од плејофот во Лигата на шампионите и тениски натпревари на отвореното првенство во Њујорк.

Манчестер Јунајтед понижен од третолигаш

Навивачите на Манчестер Јунајтед не стигнаа чесно да се израдуваат на новото засилување, Анхел Ди Марија од Реал Мадрид, затоа што вечерва шамар им залепи третолигаш. MK Донс - Манчестер Јунајтед 4:0.

Селтик на колена, Ибраими ќе дебитира во ЛШ

Фудбалерите на Марибор го шокираа Селтик на гости со 1:0 и за втор пат во нивната историја се пласираа во групната фаза во Лигата на шампионите каде за прв ќе настапува нашиот репрезентативец. Во најелитното клупско европско друштво ќе играат и Порто, Зенит, АПОЕЛ и БАТЕ Борисов.

Аплаузите на УС Опен ги собра пчела

Во најинтересниот дуел од женскиот дел на американскиот Грен Слем доцна синоќа, славата на Венус Вилијамс од САД и Јапонката Кимико Дате им ја собра неочекувана гостинка.

Занети доби спортски Оскар за 2014-та

Трофејната сала на некогашниот играч, а сега потпретседател на Интер, Хавиер Занети е побогата за уште еден пехар. „Тракторот“, како што го викаа навивачите е избран за „Спортско лице на годината“ во Италија.