Портланд подобар од ослабените Спарси, торта за Коби во авион

По двата порази по ред, Кливленд го доби Шарлот 97:88 со 27 коша на Леброн Џејмс, a шампионот Сан Антонио го претрпе осмиот пораз во сезоната, од Портланд 108:95.

По несреќниот пораз со звукот на сирената од Орландо, Атланта Хокс им се вратија на победите со славјето над Чикаго 93:86. Иако се појави на последниот тренинг, Перо Антиќ повторно не настапи за „јастребите“, кој во следното коло му гостуваат на Кливленд. До 17. победа сезонава, Атланта стигна предводена од тандемот Ал Хорфорд кој постигна 21 поен и Пол Милсап кој даде 17 коша. Кај Булси, Џими Батлер најефикасен со 22 поени.

Додавањето на Ал Хорфорд кон Милсап

Групна банана на Атланта

--------------------------------------------------------------------------------

По два порази, Кливленд славеше против Шарлот Хорнетс 97:88. Леброн постигна 27 коша, а имаше и 13 асистенции. Кевин Лав одигра уште една добра партија и мечот го заврши со 22 поени и 188 скока. Кливленд го започна мечот со водство од 21:0, серија која последен пат ја имаше Бостон во 2004. година.

Кралот во свој стил од контра

Тач даун додавањата на Кливленд против Шарлот

-----------------------------------------------------------------------------

Со тројката на Мидлтон од табла во последната секунда, Милвоки го победи Феникс на гости 96:94. Мидлтон изјави дека немал добро чувство кога ја фрлил топката, но за негова среќа Бакси во моментов имаат 13 победи и 12 порази. Брендон Најт го заврши дуелот со 20 поени и 7 скокови, а Мидлтон додаде 14 коша. Кај Санси, Маркиф Морис беше прв стрелец со 25 поени и 7 скока, Ајзеа Томас придодаде 20.

Тројката на Мидлтон во последна секунда за победа

------------------------------------------------------------------------------

Портланд убедливо го порази ослабениот Сан Антонио 108:95. ЛаМаркус Олдриџ со 23 коша (10-21 од игра) и 14 скокови беше најзаслужен за 19. триумф на Блејзерси. Одличен беше и Дамјан Лилард со 23 поени, 10 скока и 6 асистенции. Сан Антонио играше без Ману Џинобили, Тони Паркер и Тим Данкан, па се истакна Каваи Ленард со 21 поен, 9 скока и 4 асистенции.

-------------------------------------------------------------------------------

Бостон ја доби Филаделфија 105:87, а до победата стигна откако Кели Олјуник даде 30 поени, највисоки во кариерата. Филаделфија така стигна до 13 пораз на домашен терен, без ни една победа сезонава на свој паркет. Најлошиот учинок во своја сала го има Далас Маверикс од сезоната 1993-94, кога тимот од Тексас имаше 19 порази по ред на домашен терен.

Потегот на Раџон Рондо против Филаделфија

-------------------------------------------------------------------------------

Индијана го прегази Лејкерс 110:91 и двата тима сега имаат ист учинок 8 победи и 17 порази. Родни Стаки беше најефикасен кај домаќините со 21 поен, 10 скокови и 7 асистенции. Кај Лејкерс, славеникот Коби Брајант постигна 21 поен, а младиот Ник Јанг мечот го заврши со просечни сезонава 18 коша.

Пред полетувањето за Индијана, авионот на Лејкерс украсен за Коби Брајант кој го престигна Џордан по бројот на поени а капитенот доби и торта од екипажот. После поразот Коби изјави: „И да шутиравме од бродче, немаше да го погодиме океанот колку лошо шутиравме“.

Накитен авион пред полетување во чест на Брајант
 

Торта за третиот стрелец во историјата на НБА

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Шарлот 97:88
Индијана – ЛА Лејкерс 110:91
Филаделфија – Бостон 87:105
Атланта - Шарлот 93:86
Торонто – Oрландо 95:82
Феникс – Милвоки 94:96
Портланд – Сан Антонио 108:95
ЛА Клиперс – Детроит 113:91