Шпаркасе убедлив во дуелот со АрцелорМитал
Шпаркасе 7-2 (3-1) АрцелорМитал
Шпаркасе: Иван Стојановиќ 14’, 24’, Стојанчо Јосифоски 15’, 27’, Филип Чижбановски 18’, Дарко Стојановски 32’, 38’
АрцелорМитал: Љупчо Шегмановиќ 12’, Александар Зотиќ 25’
На самиот почеток од натпреварот иницијативата ја имаше АрцелорМитал кој со одлично организиран напад постина гол и дојде до водство уште во раната фаза од натпреварот. Но, екипата на Шпаркасе брзо ги консолидира своите редови, успеа со доста сигурна игра пред се во нападот да дојде до целосен пресврт кој и донесе предност на полувремето од 3-1. Во второто полувреме екипата на Шпаркасе ја презеде целосно контролата врз натпреварот, од минута во минута само го зголемуваше водството за да на крајот го добие натпреварот со 7-2.
Во дожд од голови Еуролинк го совлада ОНЕ
ОНЕ 6-12 (2-6) Еуролинк
ОНЕ: Илхан Алити 12’, 40’, Сашко Србаков 17’, Дарко Таневски 26’, 28’, Стефан Петровски 38’
Еуролинк: Александар Трпковски 3’, 11’, 13’, 29’, Наумче Стојчевски 6’, 16’, 20’, 25’, 40’, Никола Костовски 27’, 30’, 39’
Доста брз и отворен фудбал со одлична реализација одиграа екипите на ОНЕ и Еуролинк. Екипата на Еуролинк во текот на целиот натпревар ја имаше иницијативата пред се поради нивната колективна игра која им овозможи уште во првото полувреме да стекнат предност која ја одржуваа и зголемуваа во текот на целиот натпревар. Екипата на ОНЕ во неколку наврати се обиде да фати резултатски приклучок, но во тоа не успеа, па го загуби овој натпревар со 6-12.
Алкалоид со голман – играч до победа над Гранит
Алкалоид 12-6 (3-4) Гранит
Алкалоид: Нико Този 12’, 26’, 32’, 33’, 37’, Александар Василевски 16’, Николче Дамјановски 18’, 29’, 35’, Оливер Христовски 25’, 28’, Стефан Димовски 31’
Гранит: Стеван Митревски 7’, 16’, Дарко Стојановски 11’, Пепи Мицев 13’, 40’, Жарко Стошиќ 30’
Во првото полувреме уште на самиот почеток екипата на Гранит наметна темпо кое не му дозволи на Алкалоид да ја игра својата игра, па стигна до солидна предност. Но екипата на Алкалоид внесе во своите редови голман – играч па ја намали предноста за на полуврето Гранит да оди со само 1 гол разлика (3-4). Алкалоид со играта голман – играч продолжија и во второто полувреме што вроди со плод и дојде до целосен пресврт и на средината од полувремето водеа со 7-4. Во понатамошниот тек од натпреварот и Гранит се обиде со голман – играч, но тоа не вроди со плод, па го загуби овој натпревар со 12-6.