Основач на Милан е Херберт Клипин, роден во Нотингем, кој прво емигрирал во Торино, а потоа во Милано каде заедно со најстраствените Англичани и Италијанци за фудбал го оживеале фудбалскиот и крикет клубот на Милан.
Доцна ноќта на 16 декември 1899 година, група на големи љубители на фудбалот меѓу кои и заменик-конзулот на Велика Британија во Милано Алфред Едвардс, се состанале во хотелот Норд, каде сега на Пјаца Република на тоа место е хотелот Принчипе ди Савиола. Во елегантната сала го формираат клубот.
Првиот дрес.
По само две години во 1901-ва го освоиле првото Скудето.
Во 1906 година го освоиле второто.
Првото градско дерби против Интер кој постои од 1908 година.
Клубот се стационирал на „Сан Сиро“ благодарение на претседателот Пјеро Пирели, а стадионот бил официјално пуштен во употреба на 19 декември 1926 година на пријателски натпревар со Интер.
За време на фашизмот странските термини морале да звучат по италијански, па Милан во 1940/41 бил прекрстен во Милано.
Швеѓанецот Нордал одиграл 268 натпревари и постигнал 221 гол. Освоил две титули, а во периодот од 1950 до 1955 бил најдобар стрелец во Серија А.
Славниот Џани Ривера станал фудбалер на Милан во 1960/61 и одиграл 19 сезони во кои на 658 настапи постигнал 164 голови и освоил 3 Скудета, 4 Купа, 2 титули во ЛШ, 1 интерконтинентален куп, и 2 трофеи во Купот на куповите.
Првиот пехар во најелитното клупско европско натпреварување го подигнал Чезаре, таткото на Паоло Малдини. Историската фотографија е од 22 мај 1963 година на стадионот „Вембли“ во Лондон каде падна Бенфика предводена од легендарниот Еузебио.
Нерео Роко, првиот поборник на Катеначото, по водењето на Торино, се вратил на клупата на Милан и во 1967/68 и стигнал до 9. Скудето на клубот.
На 28 мај 1969 година Милан стигна до нова европска титула, а во финалето се сретна против Ајакс каде настапуваше славниот Јохан Кројф.
Роко и Ривера тагуваат по поразот од Верона од 5:3 во последното коло од сезоната 1972/73. Титулата оди во рацете на Јувентус.
Во 1980 година полицијата направи рација во клубот кога изби голем скандал со наместени натпревари. Милан завршува во втора лига.
Второто испаѓање им се случи по две години кога во последното коло ја победија Чезена со 3:2, но не им одговараше нерешениот резултат меѓу Наполи и Џенова.
Рекордерот по број на настапи со 647 одиграни мечеви само во Серија А е иконата на клубот Паоло Малдини кој дебитираше во Удине на 20 јануари 1985 година на само 16 години. Сè останато со него е една богата и славна историја.
На 20 февруари 1986 година газда на клубот станува Силвио Берлускони кој сè уште не го дава клубот.
Тој го спасил од згаснување поради финансиска криза и станува 21 претседател на Милан.
За почеток донел непознат тренер кој ја тренирал Парма во Серија Б. Но Ариго Саки подоцна се прослави со „Росонерите“, а претходно ги елиминираше во купот на Италија.
Еден од најдобрите дефанзивци во историјата на Милан е Франко Барези. Од 20 сезони на „Сан Сиро“, 15 беше капитен, а кога во 1997 година се пензионираше дресот со број „6“ беше повлечен.
Револуцијата на Берлускони почнува со Скудетото во 1988 година, а на сликата се Малдини, Гулит и Гали.
По 20 години ја освојуваат и Лигата на шампионите, а во финалето ја совладаа Стеауа Букурешт со 4:0. Гулит и Ван Бастен постигнаа по два гола.
Со триумфот над Атлетико Национал од 1:0 стануваат и прваци во светот.
Во 1990 година пристигнува и третиот Холанѓанец, Франк Рајкард, а Милан повторно ја освојува Европа преку победата над Бенфика.
Саки стана селектор на Италија, а на негово место доаѓа Фабио Капело кој освои 4 Скудета од кои три по ред и по една титула во ЛШ, Супер куп на Италија и Супер куп на Европа.
Во 1995 година нападот го засилија со Жорж Веа кој ја освои „Златната топка“.
16-та шампионска титула ја освојува новиот предводник на клупата Алберто Ѕакерони во 1998/1999.
Најдобар стрелец таа сезона во Серија А стана Оливер Бироф со 19 голови.
Прославата на 100 годишнината беше организирана со дресови кои наликуваат на првиот. До Ѕакерони и Малдини, застана расниот стрелец Андреј Шевченко кој стана важен дел од историјата на клубот со 175 голови.
Најновите златни денови за Милан се случуваа во периодот од 2001 до 2009 година кога под водство на Карло Анчелоти, навивачите се радуваат на 8 трофеи од кои два во Лигата на шампионите.
На 11 ноември 2008 година Берлускони позира со 18 интернационални трофеи.
Со ремито на „Олимпико“ против Рома на 7 мај 2011-та, пристигна 18-то Скудето за Милан , а го освои Масимилијано Алегри.
Во декември 2013 година за потпретседател на Милан, Берлускони ја назначи својата ќерка Барбара.
Новото седиште на клубот.
Нераскинлив дел од 115 годишната историја на Милан се навивачите од трибината Курва Суд.