Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Патувањата на Матиа Дестро

Новиот напаѓач на Милан има искуство во зимскиот преоден рок, затоа што во јануари 2011. година беше половина играч на Интер, а половина на Џенова. Нероаѕурите се откажаа од нивниот дел за Ранокија, а Дестро потоа замина за Тоскана.

Браќата Гасол за историски Ол стар, не игра Новицки

Тројца клупски колеги на Перо Антиќ ќе учесвуваат на претстојниот Ол стар викенд, кој ќе се одржи на 15. февруари во Медисон Сквер Гарден во Њујорк. Зачудува одлуката што како резерви не се повикани Демаркус Казинс од Сакраменто Кингс и Демијан Лилард од Портланд.

Лајпциг – ЖРК Вардар во 19:30 и Шпанија - Франција во 19:00

Спортската понуда во петок делува доста богато. ЖРК Вардар се враќа на европска сцена во втората фаза од ЛШ, а на Мундијалот во Катар се играат полуфиналињата. Има и фудбал, кошарка и ски скокови.

Чикаго го плаќа Бузер да не игра за нив

Биковите се должни до крајот на актуелната сезона да му плаќаат 13,55 милиони долари на Карлос Бузер и покрај тоа што тој игра за ЛА Лејкерс.

Крај на црната серија на Лејкерс

Кошаркарите на ЛА Лејкерс синоќа го совладаа Чикаго Булс после продолженијата 123:118 и на тој начин избегнаа и десетти пораз во низа и израмнување со негативниот рекорд од 1994. година.

Ви се случило ли ова во маало?

Обично на гол застанува тој што е дебел или тој што нема појма од фудбал, но и тој ќе ви фаќа сеир ако многу се чаталите дека сте Роналдо во напад.

Фудбалерот кој стана најславен линиски судија

Во Англија е познат како „рускиот линиски судија“, херој на мундијалското финале 1996-та. Кај Германците го носи епитетот „виновник“ на Вембли, а во Азербејџан го сметаат за спортска икона.

Гвинеа ја доби ждрепката, Мали оди дома ни крив ни должен

Домаќинот на Африканскиот куп на нации, Гвинеа е последниот четвртфиналист на турнирот, откако денес беше извлечен на ждрепката со Мали за тоа кој да оди понатаму.

И Белгијците имале како нашите стадиони

Запуштена трева на трибина веднаш не асоцира на стадионите низ Македонија. Приказната со овој стадион е поинаква и до некаде е оправдано што изгледа вака. Се работи за стадионот Бурафус кој има капацитет од 11.000 седишта и се наоѓа на само неколку стотици метри до стадионот на Стандард.

Најскапиот ден во Премиер лигата

Во само неколку часа на 31. јануари 2011 година, Челси и Ливерпул направија серија трансфери кои станаа највредни во историјата на англискиот фудбал. Сините ги купија Торес и Давид Луиз, а црвените Суарез и Енди Керол.

Новиот бисер на Порто

Гонсало Пасиенсија има 20 години, дете е на Порто и вчера со гол дебитираше за првиот тим. Екипата од Драгао ја победи Академика 4:1 во натпревар од купот, а покрај ефектниот гол на Пасиенсија, одлични голови (2) даде и Џексон Мартинез.

Ѓоковиќ на Австралија Опен елиминираше тенк

Српскиот тенисер во четвртфинале го совлада Милош Раониќ, а за влез во финале против Мареј, ќе треба да го мине бранителот на титулата во Мелбурн, Станислав Вавринка. Монтажерите му додадоа уште еден меч, одлично измонтиран.

Гробари доаѓаат во Скопје во сопствена режија

Иако во Јадранската лига гостувањата се забранети, навивачите на МЗТ Скопје и на Партизан веќе три сезони по ред наизменично присуствуваат на дуелите на своите екипи во Скопје и во Белград. Во аеродромскиот клуб не е стигнат допис дека ќе дојдат.

Сеп Блатер овој пат сам ќе падне

Во ФИФА е од 1998 година, но како никогаш до сега ќе има толку голема конкуренција во обид да стигне до петтиот мандат за претседател. На 29 мај во Цирих ќе се обидат да го бутнат: Луис Фиго (Португалија), Жером Шампањ (Франција), принц Али бин Ал-Хусеин (Јордан), Михаел ван Праг (Холандија), Давид Жинола (Франција) и Харолд Мајне-Николс (Чиле).

Црвена Звезда - Алба во 20:45

Спортската програма за денес се состои од четири кошаркарски натпревари во најелитното клупско европско натпреварување и три меча од шпанскиот фудбалски куп. Војдан Стојановски гостува во Белград.

Првите 50 секунди на Торес

Познат терен, свои навивачи, прв клуб во кариерата. Сето ова веројатно влијае кај шпанскиот напаѓач кој откако се загуби во Милан каде постигна само еден гол, направи кам бек во Атлетико и им покажа на Реал и Барса дека не заборавил да игра фудбал.

Дали е Диего Коста најголемиот негативец на сите времиња?

Челси го доби Ливерпул 1:0 со голот на Бане Ивановиќ во продолжението, а мечот го одбележаа октоподот Тибо Куртоа и безобразното однесување на Диего Коста, кој ги газеше зглобовите на тројца противнички фудбалери. Таков однос Премиер лигата нема видено.

Кајри Ирвинг даде 55 поени, Антиќ не игра на Ол старот

Петмина кошаркари на Атланта Хокс имаа двоцифрен учинок во рекордниот 17. триумф во низа, овој пат против Бруклин синоќа 113:102. Никси ја изненадија Оклахома која играше без Дурент, а неверојатна вечер имаше плејот на Кливленд, кој синоќа сруши четири рекорди.

Игор Вори, 2 дел

Диего Коста и Игор Вори, тоа се тие двајца момци кои деновиве имаат големи испади на терен. Фудбалерот на Челси ги газеше играчите на Ливерпул, а Вори освен перверзни фаули, почна да набива глави на паркет на вчерашното четвртфинале против Полска.

Како да се задржи Погба во Јувентус со 2 евра

Планот го има италијанскиот писател Сандро Веронези кој смета дека Јуве не смее да го продаде еден од најважните играчи по ниту една цена. Во Серија А едни праќаат писма против управата, а други прават планови како да се задржи еден од главните играчи.

Атракција на Пољаците од зад грб

Селекциите на Полска и Хрватска играат доста неизвесен натпревар каде во тек е стартот на второто полувреме, а потегот на денот за време на четвртфиналните дуели во Катар, кој може да влезе во трка за гол на Мундијалот е оној на Крајевски во 21 минута.

Роналдо скришно жонглира по улици

Видеото се појави на интернет во ист ден со веста дека е казнет со два меча поради неспортскиот потег на мечот против Кордоба, кога намерно удри противнички играч.

Шампионскиот паркинг на Жулио Цезар во Киево

Во јануари 2005. година, Интер го пазареше најдобриот бразилски голман кој претходната година ја освои Копа Америка со Бразил и веднаш го позајми во Киево поради големиот број на странци. На Бентегоди беше четврт голман.