Првите седум сезони од кариерата Ел Нињо ги мина на Висенте Калдерон и во дресот на Атлетико постигна вкупно 91 гол. По авантурите во Ливерпул, Челси и Милан, се врати дома и вниманието во Шпанија го привлече со три потези кои ги направи на три меча.
Фернандо Торес пред две недели постигна два гола со кои го елиминираше Реал Мадрид од Копа дел Реј, а синоќа ја затресе мрежата против Барселона, но Атлетико загуби 2:3 пред своја публика и не успеа да го мине и вториот гигант. Сите три гола Торес ги постигна во првата неполна минута.
Голот во 49 секунда против Реал
Вториот гол против Реал во 35 секунда од второ полувреме
Голот против Барселона во 40 секунда
Инаку на синоќешното четвртфинале меѓу Атлетико и Барселона се случи од сè по нешто. Сите 5 гола паднаа во прв дел, а во второ полувреме домаќините добија два црвени картони.
Непостоечкиот пенал за Атлетико
Арда Туран мава со копачка по линискиот судија
Алба и знаменцето
Тер-Штеген како мачка
Поништениот гол на Нејмар