Од суперѕвездите на Ол старот најверојатно нема да се појават центарот Демаркус Казинс, кој е убедливо најдобриот поентер меѓу центрите и трет најдобар по скокови во лигата.
Сосема заслужено, свое место добија и кошаркарите на Атланта Хокс, Џеф Тиг, Пол Милсап и Ал Хорфорд. Посебно внимание предизвикува тоа што Ол стар дуелот за првпат во својата историја ќе има двајца браќа, Марк и Пау Гасол и тоа како стартери. Во 1970. и 1971. година, настапија Том и Дик ван Арсдејл, но не беа во почетната петорка.
Откако преку гласање беа избрани првите петорки на Истокот и Западот, тренерите рано утринава одлучуваа за сите седум резервни места. Така, својата шанса од клупата ќе ја чекаат за Истокот: Крис Бош, Џими Батлер, Ал Хорфорд, Кајри Ирвинг, Пол Милсап, Џеф Тиг и Двејн Вејд. Клупата на Западот делува страшно: Ламаркус Олдриџ, Тим Данкан, Кевин Дурент, Џејмс Харден, Крис Пол, Клеј Томпсон и Расел Вестбрук.
Коби Брајант има тешка повреда и го оперираше рамето, така што иако беше избран како стартер нема да може да настапи. Комесарот на лигата, Адам Силвер е задолжен да ја избере неговата замена во почетната петорка, а Силвер најверојатно ќе се реши за Џејмс Харден, кој е најлогичен избор.
Во тој случај, замена на Харден би му бил Демијан Лилард, затоа што ѕвездата на Портланд е најдобриот играч на франшизата сезонава. Од друга страна, Двејн Вејд најави дека поради голем умор можеби ќе се откаже од настап на Ол-Старот, па негова замена би можел да биде Брендон Најт, плејот на Милвоки кој е водечки стрелец на Бакси сезонава.
Тренерот на Перо Антиќ, Мајк Баденхолцер ќе го предводи Истокот, а најуспешниот тренер на Западот, Стив Кер ќе ги води ѕвездите од западниот брег.
СТАРТНИТЕ ПЕТОРКИ ЗА ОЛ-СТАР ДУЕЛОТ НА 15. ФЕВРУАРИ:
Исток: Леброн Џејмс (Кливленд), Кармело Ентони (Њујорк), Пау Гасол (Чикаго), Џон Вол (Вашингтон), Кајл Лоури (Торонто).
Тренер: Мајк Баденхолцер (Атланта)
Запад: Блејк Грифин (ЛА Клиперс), Марк Гасол (Мемфис), Ентони Дејвис (Њу Орлеанс), Стефон Кари (Голден Стејт), Џејмс Харден (Хјустон).
Тренер: Стив Кер (Голден Стејт)