Offside

Најголемите европски атлетски ѕвезди се во Бирмингем каде од 10-ти до 16-ти август ќе се борат за вредните одличја во година кога нема Олимписки игри и ќе ја отворат натпреварувачката сезона на отворено. Ивановски единствен Македонец.

Зоте: Против Шпанија моравме сите во одбрана со се резерви

Зоран Левески е првиот Македонец кој заиграл и го освоил третото место во Азиската футсал Лига на шампиони, а истовремено бил првак и на турнирот во Миравци. Му фалат уште само три настапи, за да стигне до јубилејна 100-ка за футсал селекцијата на Македонија, а води и приватен бизнис.

Дортмунд паѓа, поддршката на Клоп расте

Тренерот на Дортмунд не се смее на прес конференциите како лани, затоа што неговата екипа на девет натпревари во Бундес лигата собра само седум бода и има 14 бодови помалку од лидерот Баерн Минхен, против кого играат викендов.

Зига-зага на Етихад против Сити

Некои го викаат грекви, кај нас го знаеме како зига-зага, а во Англија го попримија полското the Poznan. Навивачите на Њукасл на тој начин вчера го прославија триумфот 0:2 против Манчестер Сити во Лига купот.

Црвена Звезда - Валенсија од 19:00 и Верона - Лацио од 20:45

Од спорт на ТВ за денеска ви препорачуваме тенис натпревари од Мастерсот во Париз, натпревари од Евролигата и еден меч од Серија А.

Клубовите сакаат СП во Катар во месец мај

Светското фудбалско првенство во Катар се игра за 8 години, а уште сега почнаа дебатите како ќе се играло на 50 степени. ФИФА и УЕФА имаат спротивни ставови, а сега и клупската организација нуди решение за горештините.

Спуст #наточак

И ти знаеш да возиш точак, и он знае да вози точак. И ти возиш низ град и по улички, и он вози низ град и по улички. Ама пак некако исто е, ама не е исто.

Атланта без Антиќ загуби во Канада, Чикаго подобар од Њујорк

Екипата на Атланта со пораз ја започна сезоната во НБА, откако загуби од Торонто Репторс 109:102. Перо на подготовките имаше мала минутажа, а синоќа не беше во составот поради одлука на тренерот. Вечерта ја одбележија Булси со убедлив триумф над Њујорк.

Македонски Телеком го сотре ОНЕ

Во последниот ден од четвртото коло во Бизнис лигата Вељановски и Пацоли го поразија ONE, а победи славеа и екипите на Гранит и Глобко Логистик

Швајцарија лесен залак за Македонија

Ракометната репрезентација на Македонија победнички го стартуваше квалификацискиот пат за Еврошампионатот кој се игра во Полска во 2016 година. Првиот противник во „Борис Трајковски“ си замина дома со пораз од 27:20.

Мурињо има 111 пати поголема плата од третолигашите

Португалецот е платен два и пол пати повеќе од Мануел Пелегрини на кој газдите му се Шеици.

Приказната за Реал и Раул

На денешен ден, пред 20 години Раул Гонзалес дебитираше за кралскиот клуб во дуел против Сарагоса на Ла Ромаледа, каде и ја заврши одисејата во мадридскиот клуб.

Сеирџиски автоголови во Грција

Скоро имавме богат викенд на автоголови, а на компилацијата не може да не ги додадеме и овие двајца цареви кои во паника топката ја исфрлаа на погрешно место. Првиот падна на аматерски натпревар на Крит, а вториот на куп пресметката помеѓу Панахаики и Олимпијакос.

Тотенхем играл слабо дома поради тесниот терен

Екипата од северен Лондон сезонава три пати загуби на својот стадион, по што тренерот Покетино мисли дека не е до играта на фудбалерите или до тренерот, туку до теренот.

40 години од борбата Али - Форман

На 30. октомври 1974-та во тогашен Заир (ДР Конго) се одигра еден од најпознатите боксерски дуели во историјата на овој спорт. Пропагандата траеше 2 месеци пред битката која ги обедини Африканците.

Тренерот во количка не издржа

По пет годишна битка со ракот, почина поранешниот репрезентативец на Шведска, Клас Ингенсон кој имаше 46 години.

Montenegro со пресврт славеше против TRANSMET

Во вториот ден од четвртото коло во Бизнис лигата се одиграа два неизвесни и тесни натпревари, а на третиот ЕЛЕМ беше немилосрден со 15 постигна голови.

Хокејарски нокаут со еден удар

За спортот во кој е дозволена ферка еден на еден со голи раце, најдобро е извежбан Жулиам Код од Канада на кој му доволна само левицата.

Салах за малку ќе дадеше гол

Од кога дојде во јануари годинава, 22-годишниот Египќанец упорно сака да го увери Мурињо дека треба повеќе да игра. По вчерашниот потег со Шрузбери во купот, можеби ќе игра повеќе.

Македонија - Швајцарија во 17:45 и Џенова - Јувентус во 20:45

Освен тенис во Париз, од денешната спортска програма ви ги препорачуваме натпреварите од англискиот и германскиот куп, како и дуелите од италијанското првенство. На МТВ ќе ги гледаме и нашите ракометари против Швајцарија.

Голманот кој е подобар напаѓач од оние на Арсенал

Од луѓето што имаат задача цела кариера да бранат, најголема желба да биде шпиц има Рожерио Сени. Кога Сао Паоло во декември ќе му организира проштален натпревар, тие ќе останат без играчот кој истовремено се грижи за двата гола.

Фудбалери кои се фрлаат како кечери

Играчите на шкотската екипа Данди први изведоа кечерски скок при прослава на гол, а овој викенд во идентичен стил продолжија фудбалерите на германскиот второлигаш Лајпциг.на мечот против Бохум.

Џиџи Буфон утре ќе брои до 500

Капитенот на Јувентус и Италија со 36 години и понатаму е најскапиот голман во историјата, а утре против Џенова ќе го има 500-от настап во најдобрата италијанска лига.

Натпреварот на кој сите сакаа пораз

Индонезиските екипи, ПСС Слеман и ПСИС Семаранг поради претходно насилство играа куп меч зад затворени врати, но со тоа не успеаа да го сокријат срамот бидејќи снимката им излезе на интернет. 

Барса има најстар тим во Примера

Фотографијата на Каталонците пред Ел Класико ја покажува недовршената клупска револуција сезонава. И покрај настапите на младите Мунир, Рафиња и Сандро, клубот од Камп Ноу ги има највозрасните првотимци во шпанската лига.