Атланта Хокс е број 1 во НБА лигата

Јастребите својата моќ оваа сезона ја покажаа во дербито на вечерта против Голден Стејт, најдобриот тим од Западот. Во реприза од ланското финале Сан Антонио беше подобар од Мајами, а по серија од 12 победи Кливленд загуби од Индијана.

Со 42 победи и 9 порази кошаркарите на Атланта имаат нов најдобар скор во најквалитетната кошаркарска лига во светот откако ги совладаа Вориорс со 124:116. Клеј Томсон и Стеф Кари кои заедно имаа 55 поени не беа доволни да го урнат хитот на сезоната.

Хокси повторно одговорија со тимска игра во која седуммина кошаркари стрелаа двоцифрено особено во вториот дел кога процентот од поле им изнесуваше 67,7%. Најпрецизни беа Џеф Тиг со 23 поени, а Пол Мислап запиша 21. Перо Антиќ имаше лоша шутерска вечер од поле и постигна само два поени од линијата за слободни фрлања.

Решавачките поени на Ентони Дејвис на 1,2 секунди до крајот, кој со 41 кош беше најзаслужен за триумфот на Њу Орлеанс против Оклахома.

20 годишниот Јанис Андетокумбо постигна рекордни 27 поени во кариерата и 15 скокови, но не беа доволни Милвоки да слави против Хјустон.

Блокадата на Гркот

Забивање очи во очи

Асистенција на вечерта

Тројка со една рака

РЕЗУЛТАТИ:
Бруклин – Њујорк 92:88
Индијана – Кливленд 103:99
Орландо – ЛА Лејкерс 103:97 (по продолженија)
Торонто – ЛА Клиперс 123:107
Бостон – Филаделфија 107:96
Детроит – Денвер 98:88
Хјустон – Милвоки 117:111
Минесота – Мемфис 90:89
Оклахома Сити – Њу Орлеанс 113:116
Феникс – Јута 100:93
Сан Антонио – Мајами 98:85
Атланта Хокс - Голден Стејт 124-116

7 февруари 2015 - 11:21