Маринецот бил навивач на Ливерпул и како и голем дел од приврзаниците на црвените, така и тој решил да го истетовира познатиот слоган и грб на Ливерпул. You''ll never walk alone. YNWA е навивачката химна која редовно одекнува на Енфилд Роуд и на другите стадиони каде играат црвените.
Грант неколку месеци престојувал во Авганистан, каде нагазил на експлозивна направа, случка после која морале да му апмутираат дел од оштетената десна нога.
Кога му започнало закрепнувањето, Енди Грант забележал дека од тетоважата фали последниот збор, така што останал само натписот You'll never walk.
„Иронично е што навистина нема да можам да одам, јас којшто сум трчал по 10 километри за 40 минути. Бизарно е и самиот се смеам поради тоа. Можам да се движам, операцијата ми дозволи нормално да одам а полека ќе почнам и да трчкарам со едната нога. Мора да најдете нешто смешно и во тешките моменти", изјави Грант.
Маринецот уште и додаде дека се надева целата приказна ќе инспирира многу луѓе кои не се во можност, да се обидат да се движат. Тој најави и кандидатура за Британскиот Параолимписки тим.