Offside

Најголемото засилување за „кралскиот клуб“ летово е 19-годишниот Јан Диоманде за кого на Ред Бул Лајпциг ќе му платат 125 милиони евра. Оваа сума е огромна затоа што Реал Мадрид одеше до крајот: првата понуда од 90+10 милиони им ја одбија, па се појави и ПСЖ како конкурент само за да ја зголеми сумата.

206 голови во ЛШ за Мојсовски

Капитенот на Металург кој викендов експлодираше со 11 од 11 во Борис Трајковски најдобрата сезона во Лигата на шампионите ја имаше во 2012/2013 со 77 голови, а тимот од Автокоманда стигна до историското четвртфинале.

Спонзорот Узманов нема доверба во Венгер

Вториот по големина акционер во Арсенал, Алишер Узманов изјави дека поради принципите на Арсен Венгер, клубот тапка во место и дека Французинот мора да ги признае сопствените грешки, од кои досега не научил ништо.

Школски потег на детето на Ајакс

Фудбалерот на Ајакс, Рикардо Кишна (19) во саботата против Херенвен прописно го изработи Стефано Марцо, а копјаниците на крај славеа 4:1 иако губеа во еден момент. Во моментов ПСВ е прв на табелата во Холандија и му бега 2 бода на Ајакс.

Анчелоти брка рекордна 15-та победа со Реал Мадрид

Во среда во Базел, Италијанецот ќе има прилика да го израмни рекордот на 15 победи по ред кој го држат Мигел Муњоз и Жозе Мурињо.

Дрес од македонската фудбалска репрезентација за најдобриот Типстер

Подароци ќе има и за второ и трето пласираниот Типстер за месец ноември.

Хуманиот Рајо Ваљекано бара дом за 85-годишна жена

По реакцијата на навивачите и стручниот штаб, шпанскиот прволигаш ќе ѝ помогне на 85-годишната жена која останала без стан поради долгот на нејзиниот син.

Клупата на Јунајтед погодена со црвено вино

Еден фан на Арсенал е уапсен по натпреварот меѓу „топџиите" и Манчестер Јунајтед, затоа што ги гаѓал и испрскал со црвено вино резервните играчи на гостите. Уште во 2008. година, Фергусон тврдеше дека клупата не е сигурна поради близината на навивачите позади.

Фудбалерите на Рен како на Сони плејстејшн

18.250 навивачи на Генгамп гледаа како Рен им направи шах-мат на нивните играчи во неколку потези за конечни 0:1.

Свесност нула за навивачите на Галатасарај

Сите кошаркарски натпревари во турското првенство викендов започнаа со една минутa молк во знак на почит кон убиениот навивач на Црвена Звезда. Договорот го испочитуваа сите, освен оние кои се највиновни за трагичниот настан. Тренерот Ергин Атаман се обиде да ги смири во еден момент, но срамните свирежи од трибините не престанаа.

Хамилтон е новиот светски шампион во Ф1

Последната трка за ГН на Абу Даби заврши без изненадувања, така што Луис Хамилтон по втор пат во својата кариера стана планетарен првак во Ф1.

Милан - Интер на Арена Спорт и Ф1 за титула на Собраниски

Денешната програма содржи фудбал ширум Европа, кошарка НБА и АБА лига, како и последната трка од сезоната во Ф1.

МЗТ Скопје ја победи Игокеа и ја прекина серијата порази

Кошаркарите на македонскиот првак за прв пат сезонава победија на гости во натпревар од АБА лигата, против Игокеа убедливи 76:61. Најзаслужен за триумфот беше Дамјан Стојановски со 20 коша.

Мојсовски со еврогол на крајот за триумф на Металург

Со голот на Наумче Мојсоски на 2 секунди пред крајот, актуелниот македонски првак Металург успеа да стигне до првата победа 29:28 сезонава во Лигата на шампионите. Никола Митрески одличен на голот со 10 одбрани и најдобра партија годинава за Мојсовски и Вугринец.

Веспрем повторно ја покажа својата класа

Ракометарите на Вардар беа немоќни и во реванш дуелот против ланскиот учесник во фајнлфорот кој пред својата публика многу полесно излезе на крај со Црвено црниот тим.

Вардарки не ја издржаа драмата во Германија

Избраничките на Индира Кастратовиќ го загубија последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите од Турингер, но тоа не им го загрози местото во следната рунда каде повторно ќе се игра во групи.

Сочувство од сите страни, Делии не навиваат во Крагуевац

По трагичниот настан вчера вечер во Истанбул, каде навивач на Црвена Звезда беше прободен со нож во срцето, се огласија повеќе страни, меѓу кои и турскиот премиер, како и СД Галатасарај. Делиите попладнево нема да навиваат на фудбалскиот меч меѓу Раднички КГ и Црвена Звезда.

Веспрем - Вардар и Металург - Ла Риоха на Алфа тв

Денес на ТВ ќе ги гледаме нашите ракометни претставници во ЛШ, фудбалскиот мегдан Арсенал - Манчестер Јунајтед и средбите од ТОП 5 лигите во Европа.

Хокси се вратија со победа

По два последователни порази кошаркарите на Атланта на домашен терен го победија Детроит Пистонс со десет поени разлика.

8 инспиративни фудбалски приказни

Зад голем дел од големите фудбалски имиња, се крие тешко и проблематично минато во кое се бореле за опстанок. Денеска тоа го враќаат дупло.

Осврт на седмото коло на Бизнис Лигата

Седмото коло на Бизнис Лигата на Македонија донесе натпревари во кои беше ставен акцент на одбраната, имаше доста неизвесна борба во која победникот го одлучуваа нијанси.

Торес знае како се решава дерби

На 9 средби за Милан годинава, Шпанецот даде само еден гол, но може да биде главен адут на Пипо Инзаги за дербито против Интер во недела, затоа што досега дал 10 гола на комшиските дуели во Ливерпул, Мадрид и Лондон.

Јунајтед ќе им плати милион евра на тие што не играат

На „Олд Трафорд“ сезонава како да има епидемија. Ван Гал во моментов има 9 повредени играчи на кои регуларно им тече плата како на другите.