1. Франк Рајкард, Холандија - Германија 1990
Плукањето на Рајкард кон Руди Фелер е едно од најпознатите кога ќе се спомне оваа непријатна тема. Натпреварот меѓу старите ривали Холандија и Германија во второто коло од СП 1990 година во Италија донесе многу груби фаули.
После еден фаул на Фелер над Рајкард, Холанѓанецот најпрвин го опцу, а потоа го исплука германскиот ас. Фелер се бунеше кај судијата и доби жолт картон за приговор, а подоцна и двајцата беа пратени порано на туширање со црвен картон.
2. Ел Хаџи Диуф, Селтик - Ливерпул 2003 (и други)
Сенегалскиот мајстор за пакосни работи редовно ги полнеше страниците со тоа како ја тепал жена му, а најголемиот скандал го предизвика во четврт-финалето од УЕФА купот во 2003 година. Ливерпул му гостуваше на Селтик, а Диуф ги разгневи Шкотите откако плукна еден гледач.
Следната 2004. година Арјан де Зеув од Портсмут беше жртва на злобниот Диуф, кој го плукна во лице.
3. Фабијан Бартез, Казабланка - Марсеј, 2005
Многу е тешко да те исклучат на пријателски натпревар, а тоа му се случи на францускиот ќелавко на дуелот меѓу мароканската Казабланка и Марсеј. Бартез пред камерите го исплука главниот судија, по што доби 6-месечна суспензија. „Свесен сум што направив, но не сум крив затоа што не го плукнав во лице“, изјави Бартез во своја одбрана, но казната мораше да ја издржи.
На 2:50 од снимката Бартез „разговара“ со главниот судија:
4. Патрик Виера, Вест Хем - Арсенал, 1999
Виера не беше странец во судиските тефтери додека играше за Арсенал. На градското дерби против Вест Хем во 1999-та година, Виера доби црвен картон затоа што го исплука срамежливиот Нил Рудок, со кој се „колеа“ цело попладне. Следуваа шест меча суспензија и 30.000 фунти казна.
5. Франческо Тоти, Италија - Данска, 2004
Кристијан Поулсен од Данска беше несреќникот што влезе во една расправија со италијанските фудбалери, кога Франческо Тоти „здраво“ го исплукал. Тоти веднаш по мечот беше казнет три натпревари поради „неспортско однесување“, а на истото првенство три меча казна доби и Александер Фрај од Швајцарија, затоа што го плукна Стивен Џерард.
6. Кристијано Роналдо, Дерби - Ман. Јунајтед
Кога играте во ФА купот против човекот што го мразите, искрите мора да летаат сами по себе. Познатиот силеџија Роби Севиџ никако не успеа да го држи Кристијано Роналдо, па често го фаулираше, го удираше и го држеше за дресот. Манчестер славеше 4-1, а Роналдо го искали бесот така што го плука долгокосиот Севиџ.
7. Папис Сисе и Џони Еванс, Њукасл – Манчестер
Настанот се случи вчера, а необично е што и двајцата фудбалери се плукаа, а не како досега само еден да биде плукачот. Јунајтед славеше 0-1 после киксот на Тим Крул, а по мечот Ван Гал го бранеше својот дефанзивец. „Не видов од клупата што се случи, далеку беше и не го видов плукањето, така што не можам да судам. Не можам ниту да замислам дека Еванс направил такво нешто. Тој е културен дечко“, изјави Ван Гал, очигледно пред да ги види снимките.
8. Антолин Алкараз, Вулвс - Виган, 2001
Бекот на Виган беше обвинет од ФА за плукање на колегата од Вулверхемптон, Ричард Стерман. Инцидентот зема голем замав во англиските медиуми, а тренерот на Вулвс, Мик Мекарти изјави: „Ако навистина се случило, за тоа мора да има казна. Еднаш кога бев играч, еден ме плукна, па после целиот натпревар не ми се приближи“.
9. Синиша Михајловиќ, Германија - Југославија, 1998
На Србинот од Вуковар не му беше прв, а ни последен пат да плука противнички фудбалери. Меѓу одвратното однесување кон Ибрахимовиќ, Рој Кин и Патрик Виера, одличниот изведувач на слободни удари се „прослави“ на Светското првенство во Франција. На средбата против Германија цело време се влечеше со Јенс Јеремис, за да по еден груб фаул, Србинот да го исплука Јеремис во уста.
10. Лионел Меси, Малага - Барса, ноември 2008
Дури и најдобриот светски фудбалер според ФИФА, знае да ги загуби нервите. Сепак, никој не можеше да верува дека Меси може да отиде до таму да плука противнички фудбалер. Тоа се случи пред седум години, кога Бразилецот Дуда го испровоцира Меси, а овој го „почести“ со сочна плуканка.