
Никој нема да му суди на Петр Чех ако го напушти Стемфорд Бриџ. Единаесет сезони и речиси 500 настапи за клубот со кој освои 12 титули, кажуваат сами по себе за односот меѓу Чех и Челси. Исто така, 11 години џентлменско однесување, со што „ги купи“ сите менаџери на клубот од Лондон. Сепак, Мурињо останува на својот тврд став.
„Мислам дека Петр не е човек кој мора да го убедуваме да остане. Јас само ќе ја чекам неговата одлука која сакам да значи дека ќе остане. Но нема да го трошам времето за да го убедам. Ако ми каже дека сака да си оди, ќе му го кажам моето мислење, а тоа дека тој е еден од најдобрите три голмани на светот“, изјави Мурињо во средата.
Чех во мај ќе наполни 32 години, пред отворање на преодниот рок во јуни, а за него се заинтересирани Атлетико, Барселона, ПСЖ, Рома и Реал Мадрид.
Чех сезонава почна 13 натпревари како прв голман, од кои само пет во Премиер лигата. На сите останати бранеше Тибо Куртоа, кој во 2011. година дојде во Челси, но веднаш беше позајмен во Атлетико Мадрид, од каде се врати минатото лето.
Јасно е дека Мурињо летово ќе оди на одмор се една грижа повеќе. Или ќе остане без еден од најдобрите светски голмани или како резерва на Куртоа ќе го има младиот и неискусен Џамал Блекмен.