Модриќ му фалеше на Реал, тоа е факт, особено по болното испаѓање од Копа дел Реј и ремито со Виљареал. Екипата сега е позадоволна откако еден од нивните најдобри соиграчи се враќа во форма и тоа во најважниот дел од сезоната, пишува Марка.
Карло Анчелоти денес треба да одлучи дали ќе го стави Модриќ на списокот патници за дуелот со Билбао викендов, а извесно е дека реваншот со Шалке во ЛШ ќе биде прилика одличниот плејмејкер да истрча на Бернабеу. Средбата со Шалке е идеална прилика за враќањето на Модриќ, затоа што Реал има два гола предност, игра пред своја публика и е голем фаворит.
19-та на Реал веќе една недела нормално тренира, влегува во дуели, има лизгачки стартови, шутира и додава, така што проблемот со тетивата е само лошо сеќавање. Тренерот Анчелоти можеби е најзадоволен што Модриќ се враќа, затоа што неуспешни беа обидите за негова замена со Кедира, Лукас и Иљараменди. Освен новодојдениот Бразилец, ниту еден друг не докажа дека може достојно да го замени Хрватот.
Едно е сигурно, Лука Модриќ повторно ќе му го донесе на средниот ред на Реал Мадрид, тоа што му фалеше во претходните три месеци, креативноста.
Виа: Марка