Offside

На само 21-годишна возраст, Еспозито се наметнува како светла иднина во националниот тим. Младиот напаѓач на Интер ги напаѓа историските рекорди на италијанскиот фудбал.

Лукавоста на Торцида Сплит

Најстарата организирана навивачка група во Европа викендов го прослави 65. роденден со кореографија и многу бакљи кои ги внесоа на досетлив и ризичен начин.

Најдобрата финта од корнер

Не е ова тоа додавање од корнер кое обично не нервира, а играчите се обидуваа да го ублажат аголот за подобро да ја нафрлат. 

Кога ја чекаш ПСВ Ајндховен двојка

Ретко кој махер на колото имаше тикет без ПСВ викендов. Тимот од Ајндховен славеше со убедливи 3-6, но при резултат 3-4 се случи нешто несекојдневно.

Пушкаш голот на годината доаѓа од Јапонија

Не е Златан, не е Меси, ниту Кристијано Роналдо. Голот на годината падна на средношколски натпревар во Јапонија меѓу екипите на Сакујо и Тамано-Конан. Ако има правда во ФИФА, голов мора да ја добие наградата за најубав на годината. Погодокот добива на тежина што падна во 94-та минута од мечот.

Тренерска вртелешка во Премиер лига

За разлика од Шпанија и Италија каде професијата тренер е најнесигурна работа во земјата, во англиската Премиер лига тоа е на една друга димензија. Англиските клубови не се решаваат преку ноќ да ги менуваат тренерите. Еве која екипа колку менаџери сменила од стартот на Премиер лигата во 1992. година до денес.

Голбол - спорт за слепи лица

Тимскиот спорт наменет за слепите лица се вика голбол. Првото Светско првенство во голбол се одржало во 1978. година во Австрија а спортот за првпат беше додаден и на Летните Параолимписки игри во Арнхајм 1980-та година.

Како Фергусон за прв пат го расплакал Роналдо

Фергусон и Роналдо во Манчестер имаа однос нешто како татко – син, но кога синот немал да биде послушен, добивал лекција.

Детаљот на Рафа од 850 илјади долари

Познат по своето скромно однесување на и надвор од теренот, Рафаел Надал прилично ја изненади јавноста со скапоценоста на неговиот рачен часовник кој вреди колку и луксузна куќа во САД.

Бомба на колото

Еманули Папастерианос од Ксанти го има проектилот на колото кој го постигна во грчкиот фудбалски шампионат против Панетоликос.

Не влетувај на терен во САД

Храбрите падобранци најопасно е да прекинуваат натпревари во МЛС лигата, бидејќи може да се соочат со рагби удар од луѓе во тешка категорија кои знаат добро да убрзаат.

Фелер: Кога Ди Канио го реши дербито, трениравме со полиција

Поранешниот германски репрезентативец го врзуваат многу нешта околу следните две средби на Рома на Олимпико. Од Рим има и лоши и убави спомени, а задутре на неговиот тим ќе му требаат бодови во борбата за осминафинале во ЛШ.

Француски репрезентативци кои не се целосно Французи

Дваесет и тројца фудбалери кои имаат потекло од други земји, ѝ ги донесоа најголемите успеси на француската фудбалска селекција во историјата.

Надал нема трпение да го слуша Федерер

После повеќе од 600 денови, повторно се судрија Федерер и Надал. Во родниот град на Швајцарецот, Роже ја прослави 11-та победа во меѓусебните дуели со Надал и стигна до седмиот трофеј во Базел. Сепак, Шпанецот на крајот немаше нерви да го ислуша говорот на Роже на француски и нервозно погледна во 850 илјади долари вредниот часовник Ричард Мајл. 

Тевез се врати, вети и исполни

По двете титули со Јуве, славниот Карлос Тевез летоска одби големи понуди само поради една цел. Да се врати дома таму каде што ја почна кариерата и повторно да слави титула во Аргентина заедно со другарите со кои уште се дружи во маало.

Кого навредувате вие цел натпревар?

Теоријата дека нема викенд а во балканскиот фудбал да нема циркуз доби на уште една потврда. Викендов во Ниш играа Раднички и Борац Чачак. Гостите ја однесоа победата, но нивниот тренер збесна на крајот од мечот.

541 заедничка победа на триото на Сан Антонио

Во ноќта меѓу неделата и понеделникот, победи во НБА остварија Атланта, Сан Антонио, Мајами, Торонто, Чикаго, Оклахома и Далас.

Црвено-црна демонстрација на сила

Ракометарките на Вардар попладнево стигнаа до втората победа во Лигата на шампионите, откако во Јане Сандански убедливо триумфираа против данскиот шампион Митјиланд 33:24 (16:8)

Досетливоста на Јирген Клоп на тренинг

Новиот тренер на Ливерпул е најзаслужен за добрата атмосфера која неколку години фалеше на Енфилд Роуд. Обединети се навивачи, играчи, управа и тоа донесе резултат на дербито против Челси на гости 1-3. По едно грешно додавање на Џордон Ајбе, Клоп покажа колку е расположен за шега.

Три пати да понижиш грчки фудбалер во еден напад

Златко Јунузовиќ, фудбалерот на Вердер Бремен е роден во Лозница, игра за Австрија, а денес со три потези го омаловажи Гркот Сократис од Дортмунд.

20 ретки фудбалски фотографии

Мелем за фудбалските носталгичари. 20 фотографии кои ќе ги потсетат на едно време кога фудбалот не се играше за слики на социјалните мрежи.

Предизвик за македонската фаланга

29 илјади навивачи на Динамо Дрезден направија нов рекорд во Европа, откако денес развиорија знаме по целиот стадион во ширина од 450 метри. Нивните миленици им вратија со триумф од 3-2 попладнево против Магдебург.

Интервју со Мурињо за паметење

По најлошиот старт на сезоната на една екипа која што ја брани титулата, со само 11 поени од 11 натпревари Мурињо немаше што да каже. Челси не загубил повеќе од 6 лигашки средби уште од далечната 1979 година, сезона кога испаднаа во втората лига.

Един Џеко за фудбалот и војната

И покрај славата и парите, поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, кој од сезонава ги полните мрежите во Серија А како член на Рома, повторно се навраќа на неговото минато во БиХ кое го научило дека не е се во фудбалот.