Тевез се врати, вети и исполни

По двете титули со Јуве, славниот Карлос Тевез летоска одби големи понуди само поради една цел. Да се врати дома таму каде што ја почна кариерата и повторно да слави титула во Аргентина заедно со другарите со кои уште се дружи во маало.

Ветувањето на Апаче по неговиот кам бек во својата земја кое го даде на 14 јули, се исполни синоќа кога со голот на Фабијан Монзон Бока Јуниорс славеше над Тигре и со тоа стигна до 31 титула во аргентинскиот шампионат.

Бока слави на едно коло до крајот на сезоната бидејќи има 64 бодови, 6 повеќе од второпласираниот Сан Лоренцо. На делба на третата и четвртата позиција со по 56 бода се Росарио Централ и Расинг кој победи 3:0 против Крусеро со двата гола на Диего Милито.

Иако Тевез му се приклучи на својот поранешен тим на средината од сезоната, тој беше еден од клучните играчи со 5 гола и 2 асистенции на 12 меча, но и лидер на екипата каде ја почна кариерата во 2001 година.

Тевез сега има освоено титули во пет земји. Првата со Бока во 2003-та, потоа со Коринтијас во Бразил две години подоцна. Во Европа се радуваше со Манчестер Јунајтед (2007/08, 2008/09), Манчестер Сити (2011/12) и Јувентус (2013/14 и 2014/15).

„Среќен сум, се вратив за да го почувствувам ова повторно. Тешко е да се зборува“, изјави по мечот Тевез.

Голот за титула

Славјето 

2 ноември 2015 - 10:24