Според заработката на годишно ниво, само девет светски тенисери би можеле да го приуштат рачниот часовник Ричард Миле кој Надал го носи на турнирите. Цената изнесува 850.000 долари што е еднакво на сумата со која би можеле да купите луксузна куќа во САД.
Часовникот го изработува швајцарската фирма Ричард Миле и е познат како модел РМ-27 02 Вирпул Рафаел Надал. Тежи 20 грама што е прилично изненадувачки особено ако се знае дека Надал без проблем го носи додека игра.
Најнеобично во врска со часовникот е тоа што има портокалови ремени, што е исто како да возите Бентли а внатре да имате радио со касети. Американските медиуми, пред сè УСА Тудеј на шега пишува дека постои шанса бојата на ремените да доаѓа од последниот Бенгалски тигар кој живеел во изолација.
Првиот модел кој Рафа го носеше во 2010 година чинеше 525.000 долари, а следниот рачен часовник со кој Рафа ја фасцинираше публиката чинеше неверојатни 690.000 долари. Последниот модел кој Рафа го носеше и во Базел изнесува 850.000 долари. Часовникот не може да се најде на Амазон ниту на сајтот на Ричард Миле. Направени се вкупно 50 вакви рачни часовници, а меѓу познатите личности кои ги поседуваат се и возачите во Формула 1, Фелипе Маса и Роман Грожан како и Натали Портман.