Фелер беше играч на Рома во периодот меѓу 1987-ма и 1992 година, а во 2004-та го замени Чезаре Прандели на клупата каде седеше неполн месец. Во интервју за Газета дело Спорт зборува во пресрет на дуелите Рома – Баер Л. и Рома – Лацио кои се играат во среда и недела.
„Сум видел сè во фудбалот, но тој меч од 4:4 беше луд и спектакуларен за навивачите. Посреќен е кој ќе даде гол последен, можеше да заврши 2:2 по нашето водство од 2:0, но Рома покаже дека знае да игра добро, дека е најдобра во Италија и дека има квалитет да го освои првенството.
Овој меч ќе биде поразличен?
Екипите ќе бидат повнимателни, може да заврши 0:0, 1:0 или 0:1. Ние по 4 дена одигравме ист меч против Штутгарт, но победивме 4:3. Ако не загубиме на Олимпико, ќе имаме мала предност за пласман во нокаут фазата, но ќе биде тежок меч.
Живеевте во Рим како фудбалер, тренер и сопруг на Римјанка, три различни проспективи за да го осетите амбиентот. Кога дојдовте беше поразлично од сега?
„Рим не се менува никогаш, така беше и во 1987 година, речиси пред 30 години. Градот живее со големото срце на навивачите. Имав прекрасни искуства, дојдов од Германија север во Италија југ. Во Бремен ме сакаа луѓето, но кога слетав на аеродромот во Рим имаше стотици луѓе, а потоа и во Тригорија – тренинг центарот на Рома. Атмосферата е поразлична од онаа во Германија.
Го паметиме често решавачкиот гол на дербито во март 1990-та. Тој е најубав?
„Можеби тој беше најважен за навивачите. Јас се сеќавам на тој против Фиорентина 4:0 во првото коло по СП Италија 1990, кое го освоив токму на Олимпико. Асистенција на тацна, волеј од 10 метри и гол во агол. Тоа е тоа“.
Што научивте во Рим?
Вистинското значење на зборот „дерби“. Во Бремен има ривалство со Хамбург, ако загубиш дерби на северот, се чувствуваше разочараност и толку. Во Рим после поразот од Лацио со голот на Ди Канио, трениравме со полиција, надвор од Тригорија.
Кога се вративме во Рома како тренер, рековте дека доаѓате да им помогнете на пријателите. Зошто си заминавте по неполн месец?
„Репрезентацијата ја напуштив во јуни, сакав малку да одморам и да се релаксирам. Само две екипи можеа да ме предомислат, Леверкусен и Рома. На крајот од август се случи драмата со Прандели и неговото повлекување за да биде блиску до неговата болна жена. Ми се јави Тоти, па Балдини, требаше да решам набрзина, не можев со мене да донесам германски асистент како Скибе и не бев многу спремен за италијанскиот фудбал, поразличен од пред 17 години. Така заврши и тоа е моја вина. Бев погрешен човек во погрешно место и во погрешно време. Мислеа дека доаѓа Германецот кој ќе ги среди работите, но не бев способен“.